Текстилците работат за бедни плати и во лоши услови
1 февруари 2020Платите на текстилните работници во Северна Македонија се помали и од оние во Кина или Бангладеш. Притоа, речиси немаат никакви права и работат во лоши услови. Минатата година во Србија избувна скандал откако се дозна дека работниците во една текстилна фабрика биле принудени да носат пелени за да не ги напуштаат работните места.
Некои македонски фирми поради тоа ги губат договорите со странските компании.
Македонка, некогашниот центар на југословенската текстилна индустрија со 9.000 вработени - фабрика која им припаѓа на вработените, директор кој заработува само малку повеќе од работниците. Фабричка градинка, работнички станови. Пропадна заедно со социјализмот- на почетокот на деведесетттите. Каква е состојбата денес во Македонка, но и во многу други текстилни фабрики во Северна Македонија, погледнете во нашето видео: