Фотографија на денот: Часовниците повторно на летно време
24 март 2018Реклама
Ноќта кон 25. март и годинава почнува летното сметање на времето, стрелките на часовниците се поместуваат еден час нанапред, односно времето во 2 часот по полноќ се смета како 3 часот. Сметањето на времето на летно и зимско е сѐ повеќе спорно, наводните заштеди на енергија поради кои е воведено не се потврдени, поради што и пратениците во Европскиот парламент бараат негово укинување. Критичарите укажуваат на пореметување на биоритамот кај човекот. А замислете пак колкава работа им отвора поместувањето на стрелките на часовничарите, на оние кои во своите часовничарски работилници имаат стотици часовници? #ФотографијаНаДенот